ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/13 стр. 4-5
  • Децата и нападите на бес

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Децата и нападите на бес
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Како да ги научиш децата на послушност
    Разбудете се! 2015
  • „Машина со најголем капацитет за учење“
    Разбудете се! 2011
  • Како може да им користи самоконтролата
    Разбудете се! 2019
  • Како да си ги заштитите децата
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 7/13 стр. 4-5
[Слика на страница 4]

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Децата и нападите на бес

ПРЕДИЗВИК

[Слика на страница 4]

Кога ќе се налути, твоето двегодишно детенце почнува да вреска, да удира со нозете по подот и да фрла сѐ што ќе му дојде при рака. Можеби се прашуваш: ‚Дали е сѐ во ред со него? Да не правам јас нешто погрешно? Ќе помине ли оваа фаза некогаш?‘

Ти можеш да му помогнеш на своето двегодишно дете да се смени. Но, најпрво да видиме кои би можеле да бидат причините за таквото однесување.

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

Малите деца сѐ уште не знаат да ги контролираат своите чувства. Самото ова може да е доволна причина детето одвреме-навреме да има напади на бес. Но има и други причини.

Размисли каква промена настанува во животот на едно двегодишно дете. Од моментот кога се родило, неговите родители му ја задоволувале секоја потреба. На пример, само да заплачело и веднаш ќе се нацртале до него. ‚Да не е болно? Да не е гладно? Да не се уплашило нешто? Да не треба да му ја смениме пелената?‘ Родителите правеле сѐ за да му биде добро. И тоа било сосема на место затоа што бебето било потполно зависно од нив.

Но, отприлика на две години, детето почнува да сфаќа дека родителите нема веќе да му ја исполнуваат секоја желба. Всушност, наместо родителите да го слушаат него, тие сега очекуваат тоа да ги слуша нив. Значи, ситуацијата е сменета и детето можеби ќе дава отпор на промената — често преку напади на бес.

Со текот на времето, детето обично го прифаќа фактот дека задачата на неговите родители е да го поучуваат, а не само да се грижат за него. Најверојатно ќе сфати дека неговата улога е ‚да ги слуша своите родители во сѐ‘ (Колошаните 3:20). Но, додека да го сфати тоа, детето ќе ја тестира стрпливоста на родителите до крајни граници.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Покажи разбирање. Не заборавај дека твоето дете е токму тоа — дете, а не возрасен човек. Бидејќи не знае да ги контролира своите емоции, можеби ќе претера кога нешто ќе го налути. Пробај да гледаш од негов агол. (Библиско начело: 1. Коринќаните 13:11.)

Остани смирен. Кога детето има напад на бес, нема да постигнеш ништо ако и ти го изгубиш трпението. Најдобро е, колку што е можно, таквото однесување да го игнорираш и да останеш прибран. Ако ги имаш на ум причините за нападите на бес, ќе можеш да останеш смирен. (Библиско начело: Изреки 19:11.)

Не попуштај. Ако му ја исполнуваш секоја желба на детето, тоа веројатно ќе направи сцена и следниот пат кога ќе сака да добие нешто. На смирен начин, стави му до знаење дека не отстапуваш од она што си му го кажал. (Библиско начело: Матеј 5:37.)

Ако ги имаш на ум причините за нападите на бес, ќе можеш да останеш смирен

Биди стрплив. Нападите на бес нема да престанат прекуноќ, особено ако претходно си му оставил впечаток на детето дека на тој начин може да го добие она што го сака. Ако реагираш исправно и ако си доследен, веројатно ќе има сѐ помалку напади на бес, а на крајот и сосема ќе престанат. Во Библијата стои: „Љубовта е долготрпелива“ (1. Коринќаните 13:4).

Еве уште неколку предлози:

  • Кога детето ќе почне да беснее, ако е изводливо, држи го во раце, и без да го повредиш, не му дозволувај да фрла и да крши сѐ што ќе му дојде при рака. Немој да му викаш. Едноставно почекај да се смири. На крајот, ќе сфати дека така нема ништо да постигне.

  • Одреди место дома каде што детето треба да оди по казна. Кажи му дека може да се врати дури кога ќе се смири.

  • Ако детето почне да беснее пред други, тргни го настрана. Не му попуштај само затоа што прави сцени. Ако му попуштиш, ќе мисли дека со таквото однесување може да добие сѐ што сака.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Кога бев дете... размислував како дете, расудував како дете“ (1. Коринќаните 13:11).

  • „Разбирањето го спречува човекот да се гневи“ (Изреки 19:11).

  • „Кога ќе речете: ‚Да‘, тоа нека значи ‚да‘, а кога ќе речете: ‚Не‘, тоа нека значи ‚не‘“ (Матеј 5:37).

БИДИ ДОСЛЕДЕН!

„Се смеам во себе секојпат кога ќе слушнам родител како се жали дека детето не разбира кога ќе му кажат ‚не‘. Тоа ми е смешно затоа што со таквиот коментар родителот кажува повеќе за себе отколку за детето. Едно дете што не се разбира од ‚не‘ најчесто има родители кои не знаат да кажат ‚не‘. Проблемот не е дека детето не разбира кога ќе му кажеш ‚не‘, туку нема причина да го сфати тоа сериозно“ (Џон Розмонд — New Parent Power!).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели