ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/13 стр. 10-11
  • Ретка средба со пустинската мачка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ретка средба со пустинската мачка
  • Разбудете се! 2013
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Кога мачките ќе подивеат
    Разбудете се! 2004
  • За да задржиш еден пријател, мораш ти да бидеш пријател
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Каква улога имаат мустаќите на мачките
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 7/13 стр. 10-11
[Слика]

Ретка средба со пустинската мачка

[Слика на страница 10]

Бременоста кај оваа мачка трае околу два месеца и најчесто раѓа три мачиња

ВО СРЦЕТО на безводната пустина обвиена во мрак, пустинската мачка се извлекува од своето дувло и застанува. Погледнува наоколу и наслушнува. Потоа, се спушта ниско до земјата и бесшумно се движи по песокот.

Одеднаш, го напаѓа својот невнимателен плен — пустинскиот глушец. Потоа, мачката продолжува со својот лов длабоко во ноќта. Ако улови повеќе отколку што може да изеде, она што ќе ѝ остане го покрива со песок. Рано наутро се враќа во своето дувло и обично не излегува во текот на денот. Еве некои интересни факти за ова животно што ретко може да се види.

  • Изострениот слух на пустинските мачки им помага да го лоцираат пленот, дури и да е под земјата

  • За да најдат партнер за парење, мажјаците испуштаат гласни пискави звуци. Поради изострениот слух, женката може да го слушне овој повик дури и на голема оддалеченост

  • Шепите на пустинската мачка се прекриени со крзно, а тоа ѝ помага да не пропаѓа во песокот и ја штити од екстремните температури на песокот

  • Внатрешноста на ушите е покриена со густи бели влакна кои спречуваат да навлезе песок кога дува ветер

  • Многу е тешко да се најде ваква мачка затоа што долниот дел од шепите ѝ е прекриен со густо крзно и не остава речиси никакви траги

  • Пустинските мачки можат да преживеат од водата што ја примаат преку пленот

  • Температурата на песокот во пустината Каракум може да достигне и до 80 степени Целзиусови, а температурата на воздухот понекогаш може да се спушти и до 25 степени под нулата

ЛИЧНА КАРТА

  • Каде живее: во средишниот дел на Сахара, на Арапскиот Полуостров и во делови на централна Азија

  • Тежина: мажјаците тежат од два до три килограми

  • Должина на телото: од 40 до 57 сантиметри

  • Должина на опашката: од 20 до 30 сантиметри

  • Карактер: во споредба со другите диви мачки кои се агресивни, пустинската мачка по природа е мирна

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели