ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/12 стр. 29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • Ретка средба со пустинската мачка
    Разбудете се! 2013
  • „Богатството на морето“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • За да задржиш еден пријател, мораш ти да бидеш пријател
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/12 стр. 29

Прашања од читателите

Дали според Откровение 20:8 треба да заклучиме дека ќе има огромен број луѓе што Сатана ќе ги заведе во последниот испит?

Откровение 20:8 го опишува последниот напад на Сатана врз луѓето што ќе живеат на Земјата на крајот од илјадагодишното владеење на месијанското Царство. Зборувајќи за Сатана, стихот вели: „Ќе излезе да ги заведува тие нации на четирите агли од земјата, Гог и Магог, за да ги собере за војна. Бројот нивни е како песокот морски“.

И покрај напредокот на научните методи и инструменти, „песокот морски“ останува непозната количина или број. Според тоа, може да се каже дека изразот претставува непознат, неодреден број. Но, дали укажува на огромен, неизмерен, па дури и астрономски број, или едноставно број што е непознат, но сепак, значителен или прилично голем?

Во Библијата, изразот „како песокот морски“ се користи на повеќе начини. На пример, во Битие 41:49, читаме: „Јосиф натрупа многу жито, како песок во морето, па прекрати да го мери, зашто беше без мерка“. Овде нагласокот е ставен на тоа дека житото не можело да се измери. На сличен начин, Јехова рекол: „Како што не може да се изброи небесната војска ни да се измери морскиот песок, така ќе го размножам потомството на Својот слуга Давид“. Како што е сигурно дека ѕвездите на небото и песокот во морето не можат да се избројат, исто толку е сигурно и дека Јехова ќе го исполни своето ветување на Давид (Еремија 33:22).

Честопати, изразот „песок на морскиот брег“ се однесува на нешто што е со значителна и импресивна количина или големина. Израелците кај Галгал биле многу вознемирени од филистејската армија што се собрала кај Михмас, зашто била „мноштво народ како песок на морскиот брег“ (1. Самоил 13:5, 6; Судии 7:12). А, ‚Господ му дал на Соломона мудрост и исклучителна разумност, и срце широко како песок на морскиот брег‘ (1. Цареви 4:29). Иако она за што се зборува во секој од овие случаи било значително, сепак било одредено.

„Песокот морски“ може да означува и непознат број без да укажува на тоа дека е огромен. Јехова му рекол на Авраам: „Ќе го направам твоето потомство многубројно, како ѕвезди на небото и песок на морскиот брег“ (Битие 22:17). Повторувајќи му го ова ветување на внукот на Авраам, Јаков, Јехова го употребил изразот „прав на земјата“, што Јаков го преформулирал во ‚морски песок‘ (Битие 28:14; 32:12). Како што излегле работите, освен Исус Христос, ‚семето‘ на Авраам брои 144.000, кои Исус ги нарекол „мало стадо“ (Лука 12:32; Галатите 3:16, 29; Откровение 7:4; 14:1, 3).

Што учиме од овие примери? Дека изразот „како песокот морски“ не значи секогаш неодреден, астрономски број; ниту, пак, секогаш се употребува да означи нешто огромно или неизмерно по големина. Тој честопати претставува број што е непознат, но прилично голем. Според тоа, разумно е да се верува дека бунтовничкото мноштво што ќе го поддржува Сатана во неговиот последен напад против Божјиот народ нема да биде огромно, но ќе биде значително и доволно големо за да претставува закана. Меѓутоа, засега бројот останува непознат.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели