ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/13 стр. 12-13
  • Што треба да знаеш за епилепсијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што треба да знаеш за епилепсијата
  • Разбудете се! 2013
  • Сличен материјал
  • Решена да си ја остварам целта
    Разбудете се! 2005
  • Ако некој твој близок е болен
    Разбудете се! 2015
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
  • Продолжи да покажуваш стрпливост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Разбудете се! 2013
g 10/13 стр. 12-13

Што треба да знаеш за епилепсијата

ЕДЕН твој пријател паѓа на земја во бессознание. Телото му се вкочанува, а главата и екстремитетите почнуваат да му се грчат. Ако знаеш дека страда од епилепсија, можеш да му помогнеш додека чекаш да дојде стручна помош. Да разгледаме неколку основни факти за ова нарушување за кое честопати има погрешни сфаќања.

Што е епилепсија? Епилепсијата е нарушување на работата на мозокот кое се јавува во вид на напади со кратко времетраење. Нападите најчесто траат помалку од пет минути. Нападот опишан на почетокот на статијата се нарекува „гранд мал“ напад.

Што ги предизвикува нападите? Истражувачите сметаат дека нападите се последица на неправилна електрична активност меѓу клетките во мозокот. Но, сѐ уште не е јасно зошто се случува тоа.

Што да правам ако видам дека некој има „гранд мал“ епилептичен напад? Во една енциклопедија пишува: „Очевидците треба да почекаат нападот да помине и да не го чепкаат болниот непотребно. Се разбира, треба да се погрижат да не е во физичка опасност и да дише нормално“ (The Encyclopedia of the Brain and Brain Disorders). Од друга страна, во енциклопедијата се вели дека „треба да се повика брза помош ако нападот трае подолго од пет минути, ако по првиот напад веднаш следи друг или ако лицето не се освести неколку минути откако ќе помине нападот“.

Како да му помогнам на болниот додека трае нападот? Стави некој мек предмет меѓу неговата глава и подот и тргни ги сите остри предмети подалеку од неговата глава. Кога грчењето ќе заврши, сврти го на страна како што е прикажано на сликата на 13 страница.

Што да правам откако болниот ќе се освести? Прво, увери го дека сѐ е во ред. Потоа помогни му да стане и одведи го да седне или да легне. После напад, повеќето се збунети и поспани, а други брзо закрепнуваат и можат да продолжат со она што го правеле пред нападот.

Дали сите епилептични напади се проследени со грчеви? Не. Некои епилептичари за момент не се свесни за нивното опкружување, но не паѓаат на земја. Ова се нарекува „петит мал“ напад, кој обично трае кратко и нема никакви последици. Некои луѓе со епилепсија имаат подолготрајни „петит мал“ напади кои траат по неколку минути. Во таков случај, болниот може несвесно да оди низ собата, да си ја влече облеката или да прави некои други необични работи. По нападот може да се чувствува зашеметено.

Како е да се живее со епилепсија? Многу луѓе што имаат епилепсија живеат во постојан страв кога и каде ќе се случи следниот напад. За да не се најдат во непријатна ситуација, можеби ќе почнат да избегнуваат луѓе.

Како да му дадам поддршка на некој што има епилепсија? Поттикни го да не ги крие чувствата. Биди спремен да го сослушаш. Прашај го што би сакал да направиш кога ќе добие напад. Бидејќи многу луѓе со епилепсија не возат, би можел да му понудиш да го префрлиш некаде или да завршиш некои работи за него.

Може ли да се намалат, па дури и да се спречат нападите? Некои фактори може да ги зголемат шансите да дојде до напад, како, на пример, стрес или недоволно сон. Затоа експертите ги поттикнуваат епилептичарите доволно да се одмораат и редовно да вежбаат за да го намалат стресот. Во некои случаи, и лековите многу придонесуваат за да се спречат нападите.

Бидејќи страда од епилепсија, Село, млад човек од Јужноафриканската Република, не можел да посетува редовна настава на училиште. Израснал без образование и без лекови за епилепсија. Но, Село сакал да ја разбере Библијата, во што му помогнале Јеховините сведоци. Тие не само што ја проучувале Библијата со него туку го научиле и да чита. Освен тоа, еден лекар кој е Јеховин сведок му помогнал да добие терапија и социјална помош. „Јеховините сведоци се христијани кои вистински ги сакаат луѓето“, вели Село кој сега и самиот е Јеховин сведок и кој многу сака да им кажува на другите за новиот свет што го ветува Бог во кој ќе нема болести (Откровение 21:3-5).

Што да правиш

Откако ќе престанат грчевите...

  • Клекни до болниот и свиткај му ја раката во лактот, при што ќе биде легната на подот и насочена нагоре

  • Внимателно намести му ја дланката од другата рака под образот

  • Со другата рака, повлечи му го коленото кон тебе и полека сврти го настрана. Потоа, намести му го коленото пред телото така што ќе му биде на подот

  • Исправи му ја главата за да може непречено да дише

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели