ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/13 стр. 10-11
  • Исус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали Исус е Бог?
  • Кога се родил Исус?
  • Дали Исус навистина повторно оживеал откако умрел?
  • Дали Исус бил роден во зима?
    Што навистина учи Библијата?
  • Кога бил роден Исус?
    Разбудете се! 2008
  • Одговори на нашите прашања за Исус Христос
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 12/13 стр. 10-11
[Слика на страница 10]

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Исус

Дали Исус е Бог?

„Ниту еден човек никогаш не го видел Бог“ (Јован 1:18)

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО

Многу луѓе веруваат дека Исус не е Бог. Но, има и такви кои се повикуваат на библиски стихови кои наводно потврдуваат дека Исус е еднаков со Бог.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Библијата не вели дека Исус е Семоќен Бог ниту, пак, дека е еднаков со Бог. Напротив, таа јасно учи дека Исус е на пониска положба од Бог. На пример, според Библијата, самиот Исус рекол: „Таткото е поголем од мене“ (Јован 14:28). Библијата, исто така, вели: „Ниту еден човек никогаш не го видел Бог“ (Јован 1:18). Со оглед на тоа дека Исус го виделе многу луѓе, не е можно тој да е Бог.

Првите следбеници на Исус не тврделе дека тој е Бог. На пример, библискиот писател Јован, во врска со она што го напишал, го рекол следново: „Овие [зборови] се запишани за да верувате дека Исус навистина е Христос Синот Божји“ (Јован 20:31).a

Кога се родил Исус?

„Во тој крај имаше и овчари кои живееја надвор и чуваа ноќна стража над своите стада“ (Лука 2:8)

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО

Некои го слават Божиќ на 25 декември, што според нив е датумот на кој се родил Исус. Други го слават раѓањето на Исус на почетокот од јануари.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Во Библијата не е запишано на кој датум се родил Исус. Но, во неа е запишано дека, кога се родил, ‚имало овчари кои живееле надвор и чувале ноќна стража над своите стада‘ (Лука 2:8). Речиси е невозможно во декември и јануари овчарите ноќе да ги чувале своите стада надвор. Зошто?

Во крајот каде што се родил Исус најстудено е во декември и во јануари. Во врска со тоа време од годината, Библијата вели дека луѓето ‚се треселе од дождот‘ (Езра 10:9, 13; Еремија 36:22). Во такви услови, овчарите сигурно не би ‚живееле надвор‘ со своите стада.

Дали Исус навистина повторно оживеал откако умрел?

„Бог го подигна [Исус] од мртвите“ (Дела 3:15)

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО

Некои луѓе веруваат дека е невозможно човек, вклучувајќи го и Исус, повторно да оживее откако ќе умре.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Исус им кажал на своите следбеници дека треба „многу да пострада... да биде убиен и на третиот ден да воскресне“ (Матеј 16:21). Библијата вели дека откако бил убиен и воскреснат, Исус се појавил пред повеќе од 500 луѓе (1. Коринќаните 15:6). Овие очевидци воопшто не се сомневале дека Исус воскреснал од мртвите. Толку биле уверени во тоа што биле спремни дури и да умрат за тоа верување! (Дела 7:51-60; 12:1, 2).

ЗОШТО Е ВАЖНО ОВА

Библијата учи дека со смртта и воскресението на Исус на сите луѓе им е дадена можност да живеат во Рајот на Земјата, ветен во Библијата (Псалм 37:11, 29; Откровение 21:3, 4). Имаме надеж да живееме среќно и вечно во тој Рај благодарение на љубовта што ја покажале Исус и неговиот Татко, Семоќниот Бог, Јехова (Јован 3:16; Римјаните 6:23).

a Библијата не вели дека Бог имал жена која му родила деца. Светото Писмо го нарекува Исус „Синот Божји“ затоа што Бог директно го создал Исус со особини какви што имал и самиот тој.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели