ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/08 стр. 10-11
  • Кога бил роден Исус?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога бил роден Исус?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто не во декември?
  • Зошто бил избран 25 декември
  • Како да му оддадеме чест на Исус Христос
  • Кога се родил Исус?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Исус бил роден во зима?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Зошто некои луѓе не слават Божиќ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Исус
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 12/08 стр. 10-11

Што вели Библијата

Кога бил роден Исус?

„ТОЧНИОТ датум на Христовото раѓање не е познат“, стои во Encyclopedia of Early Christianity. Сепак, милиони луѓе низ целиот свет кои тврдат дека се христијани го слават раѓањето на Исус на 25 декември.a Меѓутоа, овој датум го нема на ниедно место во Библијата. Дали Исус навистина бил роден во декември?

Иако Библијата не ни кажува кога точно се родил Исус, во неа наоѓаме докази дека тоа сигурно не било во декември. Освен тоа, постојат и световни докази кои покажуваат зошто 25 декември бил избран како датум за прослава на неговото раѓање.

Зошто не во декември?

Исус се родил во јудејскиот град Витлеем. Во Евангелието според Лука читаме: „Во тој крај имаше и овчари кои живееја надвор и чуваа ноќна стража над своите стада“ (Лука 2:4-8). Ова било сосема вообичаено. „Овците морале да го поминат поголемиот дел од годината на отворено“, вели книгата Секојдневието во времето на Исус (Daily Life in the Time of Jesus). Но, дали овчарите би биле надвор со своите стада во една студена декемвриска ноќ? Истата книга вели: „Тие ја поминувале зимата под покрив; и овој факт сам по себе покажува дека е невозможно традиционалниот зимски датум за Божиќ да биде точен затоа што, според евангелието, пастирите биле на пасиштата“.

До овој заклучок нѐ води уште еден детаљ од Евангелието според Лука: „Во тие денови излезе наредба од цезарот Август да се попише целото население. Тоа беше првиот попис извршен во времето кога Квириниј беше управител на Сирија. И сите одеа на попис, секој во својот град“ (Лука 2:1-3).

Август наредил да се изврши попис, најверојатно со цел да се регулираат собирањето данок и воената регрутација. Од послушност кон оваа наредба, Марија, која била во доцна бременост, заедно со својот сопруг Јосиф, тргнала на пат од Назарет за Витлеем — пат кој бил долг околу 150 километри. Размисли: дали има логика еден владетел како Август, кој ретко им се мешал на локалните власти, да бара од Евреите, кои и онака ги мразеле Римјаните, да појдат на толку далечно патување во зима?

Освен тоа, повеќето историчари и изучувачи на Библијата исто така го отфрлаат 25 декември како датум за раѓањето на Исус. Во Our Sunday Visitor’s Catholic Encyclopedia стои следново: „Постои општа согласност дека Исус не бил роден на 25 декември“.

Зошто бил избран 25 декември

Овој датум бил избран како роденден на Исус со векови по неговата смрт. Зошто? Многу историчари сметаат дека Божиќните празници се поклопуваат со прославувањето на некои пагански празници.

На пример, во Encyclopædia Britannica стои следново: „Едно општоприфатено објаснување за потеклото на овој датум е дека 25 декември е христијанска варијанта на dies solis invicti nati (,роденденот на непобедливото Сонце‘), популарен празник во Римското Царство со кој се славела зимската краткодневица — која била симбол на повторното раѓање на Сонцето и гласник на крајот на зимата и на почетокот на пролетта и летото“.

Една друга енциклопедија ни ја дава следнава информација: „Не е сосема јасно зошто 25 декември е избран како датум за Божиќ, но се смета дека целта била да се поклопи со паганските празници во чест на ‚повторното раѓање на Сонцето‘ за време на зимската краткодневица, кога денот почнува да се зголемува... Римскиот празник Сатурналии (посветен на Сатурн, богот на земјоделството и на обновената сила на Сонцето) се славел во истиот период од годината“ (The Encyclopedia Americana). На таквите празници, луѓето станувале развратни, а нивните веселби биле необуздани и гласни. Интересно е тоа што иста атмосфера владее и на многу денешни Божиќни прослави.

Како да му оддадеме чест на Исус Христос

Некои сметаат дека христијаните треба да се потсетуваат на раѓањето на Исус, сеедно кој е точниот датум. Тие мислат дека, сѐ додека прославата е достоинствена, со неа му се оддава чест на Христос.

Во Библијата, раѓањето на Исус навистина е прикажано како важен настан. Таа вели дека, кога Исус се родил, одеднаш се појавиле многу ангели кои почнале сесрдно да го фалат Бог со зборовите: „Слава на Бог во висините, а на земјата мир меѓу луѓето што му се по волја!“ (Лука 2:13, 14). Меѓутоа, важно е да се забележи дека никаде во Библијата не е спомнато дека треба да го славиме Исусовиот роденден. Од друга страна, во неа има конкретна заповед дека треба да ја одбележуваме неговата смрт. Јеховините сведоци го прават тоа еднаш годишно, што е еден начин да му се оддаде чест на Исус (Лука 22:19).

Во текот на својата последна вечер како човек, Исус рекол: „Вие сте мои пријатели ако го правите она што ви го заповедам“ (Јован 15:14). Тој исто така рекол: „Ако ме сакате, ќе ги држите моите заповеди“ (Јован 14:15). Јасно е дека нема подобар начин да му оддадеме чест на Исус Христос од тоа да ги прифатиме и да ги следиме неговите учења.

[Фуснота]

a Во некои православни земји, Исусовото раѓање се слави на 7 јануари. Православната црква во овие земји се води по јулијанскиот, наместо по грегоријанскиот календар, поради што се јавува оваа разлика. Но, 7 јануари е всушност 25 декември според јулијанскиот календар. Од таа причина, аргументите изнесени во оваа статија важат и за 7 јануари.

ШТО МИСЛИШ?

◼ Зошто не е можно Исус да се родил во декември? (Лука 2:1-8)

◼ Што е поважно од денот на раѓањето? (Проповедник 7:1)

◼ Кој е најдобриот начин да му се оддаде чест на Исус? (Јован 14:15)

[Истакната мисла на страница 11]

Во Библијата наоѓаме докази дека Исус не е роден во декември

[Слика на страница 10]

Дали овчарите ќе останеле со своите стада под ведро небо на снежно време?

[Извор на слика]

Todd Bolen/Bible Places.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели