ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/12 стр. 3-7
  • Дали Исус бил роден во зима?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Исус бил роден во зима?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Какво значење има за истражувачите на Библијата?
  • На Библијата темелени пресметувања
  • Од каде потекнува?
  • Дали е битно?
  • Кога бил роден Исус?
    Разбудете се! 2008
  • Кога се родил Исус?
    Одговор на библиски прашања
  • Божиќ — дали навистина е христијански?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Зошто некои луѓе не слават Божиќ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/12 стр. 3-7

Дали Исус бил роден во зима?

„ОБИЛЕН снег го парализира животот во Ерусалим“ и „Одолжен период на снежни врнежи го изненадува Северот“. Вакви наслови во The Jerusalem Post станаа вообичаени за израелските читатели во 1992, што потврдува дека таа зима била една од најстудените на столетието.

До јануари, врвот на планината Хермон бил прекриен со 7 до 12 метри снег, а крајот на зимата сѐ уште бил далеку. Од висорамнината Голан и Горна Галилеја, па надолу до Ерусалим и близу до Витлеем (прикажан на насловната страна), па дури на југ до Негеб, секогаш одново израелскиот секојдневен живот и рутина беа парализирани од страна на волшебниот и мек, но сепак моќен гостин. Една статија во Jerusalem Post известува: „Обилните снежни врнежи вчера успеаја да го направат она што дождот на ракетите Катјуша промаши да го стори минатата седмица, го замре животот во населбите и ги задржа жителите цврсто опкопани во своите домови“.

Суровата зима не им донесе пропаст само на жителите на градот. Пристигнуваат извештаи за стотици крави и телиња, како и за илјадници кокошки, кои се смрзнале додека ноќните температури се спуштиле под нулата. Како снегот да не беше доволен, крупен град исто си го собра својот данок. Еден ден, две млади овчарчиња, очевидно очајнички обидувајќи се да спасат неколку овци кои биле зафатени од надојдената вода, самите биле однесени и се удавиле во поројот.

Иако ова не е некоја типична средно-источна зима, израелското списание Eretz известува: „Метеоролошките податоци кои биле собрани и регистрирани на подрачјето на Израел во изминатите 130 години откриваат дека снегот во Ерусалим е многу повообичаена појава отколку што би се очекувало . . . Помеѓу 1949 и 1980, во градот Ерусалим имало дваесет и четири снеговити зими“. Но, дали е ова само од метеоролошка и хуманистичка вредност, или има особено значење за истражувачите на Библијата?

Какво значење има за истражувачите на Библијата?

Кога размислуваат за Исусовото раѓање, многу луѓе си ја замислуваат сцената во јаслите често прикажувана за време на Божиќ. Бебето Исус лежи, топло замотано и го чува неговата мајка, а околните предели се нежно прекриени со снег. Дали оваа популарна претстава одговара на библискиот опис на овој историски настан?

Библискиот писател Лука дава грижливо документиран извештај за Исусовото раѓање: „Имаше пастири во тој крај, кои ноќеваа таму и го чуваа своето стадо. И одеднаш се јави ангел Господов меѓу нив и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу. А ангелот им рече: ‚Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов [Витлеем] Спасител, Кој е Христос Господ; и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец, како лежи во јасли‘. И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: ‚Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја [мир меѓу луѓето на добра волја, НС]!‘“ (Лука 2:8-14).

Ако овој извештај му го прочиташ на еден просечен Евреин денес и го запрашаш кое време од годината ова би можело да биде, тој веројатно би одговорил: „Нешто помеѓу април и октомври“. Зошто? Одговорот е едноставен. Од ноември до март трае студената, дождлива сезона во Израел, а 25. декември е токму во зимскиот период. Овчарите не би излегувале надвор да ги пасат своите стада на ливадите во текот на ноќта. Земајќи го во обѕир извештајот од почетокот на оваа статија, лесно можеш да сфатиш зошто. Витлеем, кадешто Исус бил роден, е сместен на една поголема висина и е само на неколку километри од Ерусалим. Дури и во години кога времето не е толку екстремно, сепак таму ноќе е доста ладно во текот на зимата (Михеј 5:2; Лука 2:15).

Еден поглед на историјата во времето на Исусовото раѓање фрла светло врз фактот дека тој не бил роден за време на декемврискиот снег. Исусовата мајка, Марија, иако во поодминат стадиум на бременост, требало да патува од нејзиниот дом во Назарет до Витлеем. Таа и Јосиф го сториле тоа за да ги задоволат барањата за пописот под наредба од римскиот владар, Цезар Август (Лука 2:1-7). Еврејското население, огорчено на римската власт и високите порези, веќе било на работ на побуна. Зошто Рим непотребно би ги предизвикувал барајќи многумина од нив да патуваат за да бидат регистрирани за време на најтешкото, дури подмолно зимско време? Зарем не е многу поразумно ова да било наредено за сезона која е погодна за патување, како што е на пример пролет или есен?

На Библијата темелени пресметувања

Историските и физичките докази го исклучуваат декември, или било кој друг зимски месец, како месец кој би одговарал на извештаите за Исусовото раѓање. Освен тоа, Библијата преку пророштво го открива годишното време во кое Исус бил роден. Каде стои тоа?

Во книгата на Даниил, во 9. поглавје, наоѓаме едно од најимпресивните пророштва кои се однесуваат на Месијата. Опишани се две — неговото доаѓање и неговото погубување, кое обезбедило откупна жртва која ги пере гревовите и поставува темел за послушното човештво да добие „вечна правда“ (Даниил 9:24-27; спореди Матеј 20:28). Според ова пророштво, сето ова би требало да се исполни во рамките на периодот од 70 годишни седмици, започнувајќи во 455 год. пр. н. е. кога била издадена наредбата Ерусалим повторно да се изградиa (Неемија 2:1-11). Од временската поделба во ова пророштво, може да се распознае дека Месијата ќе се појави на почетокот на 70-тата годишна седмица. Ова се случило кога Исус се претставил себеси за крштевање во 29. н. е., службено започнувајќи ја својата Месијанска улога. „А во половината на седмицата“, или после три и пол години, Месијата ќе биде предаден на смрт и со тоа ќе стави крај на важноста на сите жртви принесени под сојузот на Мозаитскиот закон (Евреите 9:11-15; 10:1-10).

Ова пророштво открива дека должината на Исусовата служба изнесувала три и пол години. Исус умрел за време на Пасхата, на 14. низан (според Еврејскиот календар), во пролет, 33. н. е. Соодветен датум за таа година би бил 1. април (Матеј 26:2). Сметајќи три и пол години наназад, неговото крштевање паѓа во 29. год. н. е., во почетокот на октомври. Лука ни соопштува дека Исус имал околу 30 години кога се крстил (Лука 3:21-23). Ова би значело дека Исусовото раѓање било исто така близу почетокот на октомври. Во согласност со извештајот на Лука, овчарите во тоа време од годината сѐ уште ‚би ноќевале на пасиштата и би ги чувале своите стада‘ (Лука 2:8).

Од каде потекнува?

Бидејќи доказите укажуваат на почетокот на октомври како на времето на Исусовото раѓање, зошто тогаш се слави на 25. декември? New Encyclopædia Britannica покажува дека оваа прослава била усвоена неколку века по Исусовото раѓање: „Во текот на IV век, прославата на Христовото раѓање на 25. декември постепено била прифатена од повеќето Источни цркви. Во Ерусалим, спротивставувањето на Божиќ траело подолго, но подоцна бил прифатен“.

Зошто овој обичај бил толку лесно прифатен од страна на оние кои себе се нарекувале христијани многу векови после Христос? New Encyclopædia Britannica фрла понатамошно светло врз оваа тема: „Традиционалните обичаи поврзани со Божиќ се развиле од неколку извори како резултат на совпаѓањето на прославата на раѓањето на Христос со паганските земјоделски и сончеви ритуали во средината на зимата. Во Римскиот свет, Сатурналии (17. декември) било време на веселби и размена на дарови. 25. декември исто така бил сметан за ден на раѓањето на персискиот мистериозен бог Митра, Сонцето на праведноста“.

Дали сето ова навистина било „случајност“? Никако! Историски доказ е дека во четвртиот век од н. е., под императорот Константин, Римската империја мутирала од прогонувач на христијанството до спонзор на „христијанството“ како призната религија. Како што повеќе од обичното население, на кое му недостасувало основа за вистинското значење на христијанството, ја прифаќало оваа нова вера, така тие почнале да си ги слават своите добро познати пагански празници со новооткриени „христијански“ имиња. Кој датум повеќе би одговарал за славење на раѓањето на Христос ако не 25. декември, којшто веќе бил означен како роденден на „Сонцето на праведноста“?

Дали е битно?

Постои мала причина за сомневање, а тоа е дека Исусовите први следбеници, кои биле од еврејско потекло, не го славеле неговиот роденден. Согласно со Encyclopaedia Judaica, „славењето на родендени е нешто непознато во традиционалниот еврејски ритуал“. Раните христијани сигурно не би прифатиле некоја таква прослава. Тие попрвин би ја почитувале Исусовата заповед да ја слават неговата смрт, за коешто имале неоспорен датум, имено, 14. низан, отколку неговото раѓање (Лука 22:7, 15, 19, 20; 1. Коринтјаните 11:23-26).

Со векови пред Христос, Еврејскиот народ, кој тогаш бил Божји избран народ, бил пророчки предупреден во врска со крајот на нивното идно заточеништво во Вавилон: „Одете си, одете си, излезете оттаму; не допирајте се до нечисто; излезете од средината негова, очистете се, вие што ги носите садовите Господови!“ (Исаија 52:11). Требало да се вратат во нивната родна земја за наново да го воспостават Јеховиното чисто обожавање. За нив би било незамисливо да ги усвојат нечистите пагански обичаи и облици на обожавање кои ги држеле во Вавилон.

Не е чудно тоа што оваа иста заповед е повторена за христијаните во 2. Коринтјаните 6:14-18. За разлика од Еврејската нација која го отфрлила Христос, неговите следбеници станале претставници на чистото обожавање. Тие ја имале одговорноста да им помагаат на другите да излезат надвор од духовната темнина во светлото на вистината (1. Петрово 2:9, 10). Како би можеле да го сторат тоа ако би ги помешале Христовите учења со обичаите и празниците од паганско потекло?

Колку и да се апелира на популарните вкусови, славењето на „Снежен Божиќ“ значи ‚допирање до нечисто‘ (2. Коринтјаните 6:17). Оној кој навистина го сака Бог и Христос мора тоа да го избегнува.

Покрај фактот дека неговото потекло е од паганските прослави, исто така видовме дека Божиќ не ја застапува вистината, бидејќи Исус бил роден во октомври. Да, без разлика каква сцена може да се појави во нечија фантазија, Исус едноставно не бил роден во зима.

[Фуснота]

a За подетално разгледување на ова пророштво, побарај во брошурата Ќе постои ли некогаш свет без војни?, стр. 26, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Слика на страници 4 и 5]

Со снег прекриен Ерусалим, гледано од исток

[Credit Line]

Garo Nalbandian

[Слика на страница 6]

Снег покрај Ерусалимските ѕидини

[Слика на страница 7]

Само во топлата сезона овчарите остануваат навечер со своите стада на карпестите планини, како што се гледа долу

[Извор на слика]

Garo Nalbandian

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели