ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/14 стр. 3
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Шпанија
  • Кина
  • Јапонија
  • Мавританија
  • Свет
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2011
  • Закана од нови силни земјотреси
    Разбудете се! 2010
  • Кога погодуваат природни катастрофи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 3/14 стр. 3

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Шпанија

Спасувачи гледаат згради срушени во земјотрес

Група научници сметаат дека човечкиот фактор е една од можните причини за земјотресот што во 2011 год. го погоди градот Лорка во јужна Шпанија. Во земјотресот загинаа девет лица, а десетици беа повредени. Геолозите открија дека постои врска помеѓу силниот земјотрес и исцрпувањето огромни количини подземни води наменети за наводнување.

Кина

Кинески туристи

Во 2012 год., кинеските туристи потрошиле 77 милијарди евра на меѓународни патувања. Светската туристичка организација при ОН објави дека со тоа Кина за првпат изби на прво место според средствата потрошени во меѓународниот туризам — пред Германија со 62 милијарди и САД со 61 милијарда евра.

Јапонија

Жена пуши цигара

Во едно истражување објавено во британското медицинско списание BMJ, речиси 68.000 луѓе во Јапонија биле набљудувани во просек по 23 години. Жените родени меѓу 1920 и 1945 год., кои почнале да пушат пред својата 20-та година, во просек живееле 10 години помалку од оние кои никогаш не пушеле, а мажите живееле осум години помалку.

Мавританија

Најлон ќесе во океан

Воведена е забрана на увозот, производството и употребата на најлон ќесиња со цел да се заштити животот на морските и копнените животни кои може да умрат доколку проголтаат вакви ќесиња. Владата ги поттикнува граѓаните да користат биоразградливи ќесиња.

Свет

Осигурителните компании мораат да исплаќаат отштета од околу 38 милијарди евра годишно поради временски непогоди. Поради инфлацијата, на секои десет години од 1980-тите наваму, оваа сума се зголемуваше повеќе од двапати.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели