ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/14 стр. 7
  • 1. Работите се менуваат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1. Работите се менуваат
  • Разбудете се! 2014
  • Сличен материјал
  • Дали да ставам крај на сѐ?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • 4 | Не губи надеж
    Разбудете се! 2022
  • Дали Библијата може да ми помогне ако размислувам за самоубиство?
    Одговор на библиски прашања
  • Како да ги поднесеш промените
    Разбудете се! 2016
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 4/14 стр. 7

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЗОШТО ДА ЖИВЕЕШ?

1. Работите се менуваат

„Притиснати сме од сите страни, но не и сосема притеснети; во недоумица сме, но не очајуваме“ (2. КОРИНЌАНИТЕ 4:8)

За самоубиството се вели дека е „трајно решение за привремен проблем“. Колку и да ти звучи неверојатно, една тешка ситуација — дури и ситуација над која ти се чини дека немаш никаква контрола — исто така може да биде само привремена. Всушност, таа може неочекувано да се смени на подобро. (Види ја рамката „Нивните околности се смениле“.)

Дури и да не се случи тоа, најдобро е секој ден да се концентрираш само на проблемите за тој ден. Исус рекол: „Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи. На секој ден му е доволно неговото зло“ (Матеј 6:34).

Но, што ако твојата ситуација не може да се промени? Можеби имаш некоја хронична болест или си во очај поради некоја неповратна загуба, како развод или смрт на некој близок.

Дури и во такви ситуации, сепак има нешто што можеш да смениш: твоето гледиште. Ако се помириш со тоа дека некои работи не можеш да ги смениш, веројатно ќе ти биде полесно да имаш попозитивен став (Изреки 15:15). Исто така, веројатно ќе почнеш да бараш начини да се справиш со ситуацијата, наместо да мислиш дека смртта ти е единствениот излез. Ќе има ли некаков резултат од тоа? Полека ќе стекнеш контрола над она што можеби ти се чинело вон контрола (Јов 2:10).

НЕ ЗАБОРАВАЈ: Планина не можеш да искачиш со еден чекор. Но, можеш да ја искачиш чекор по чекор. Истото важи и за повеќето проблеми што ќе ти се испречат на патот, дури и оние што ти изгледаат како планина.

ПРЕДЛОГ: Разговарај со некого за твојата ситуација — можеби со пријател или со член на семејството. Тој би можел да ти помогне пообјективно да гледаш на ситуацијата (Изреки 11:14).

НИВНИТЕ ОКОЛНОСТИ СЕ СМЕНИЛЕ

Прочитај што рекле четири верни личности спомнати во Библијата кои биле во толку длабок очај што повеќе не им се живеело.

  • Ревека: „Ако е така, зошто сум жива?“ (1. Мојсеева 25:22).

  • Мојсеј: „Те молам, подобро убиј ме... за да не ја гледам повеќе својата неволја“ (4. Мојсеева 11:15).

  • Илија: „Земи ја сега мојата душа, зашто не сум подобар од своите прататковци“ (1. Царевите 19:4).

  • Јов: „Зошто не умрев уште во утробата на мајка ми?“ (Јов 3:11).

Ако ги прочиташ библиските извештаи за овие луѓе, ќе видиш дека нивните околности се смениле на подобро — и тоа на начин на кој не се ни надевале. Истото може да ти се случи и тебе (Проповедник 11:6). Затоа, не се предавај!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели