ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/15 стр. 12-13
  • Што ако мора да се вратиш дома

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ако мора да се вратиш дома
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Спремен ли сум да се иселам од дома?
    Разбудете се! 2010
  • Спремен ли сум да живеам сам?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како да внимавам колку трошам?
    Младите прашуваат
  • Како да се контролирам кога трошам?
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 10/15 стр. 12-13
Родители му ја отвораат вратата на својот возрасен син кој се враќа дома

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | МЛАДИ

Што ако мора да се вратиш дома

ПРЕДИЗВИК

Некои млади кои си отишле од дома и се обиделе да живеат самостојно се соочиле со финансиски тешкотии и морале да се вратат кај своите родители. Дали и тебе ти се случило ова?

Дури и ако ги сакаш татко ти и мајка ти, можеби не ти е лесно повторно да живееш со нив. На пример, Сараa (29) вели: „Тоа што живеев сама и не се потпирав на други ми помогна да стекнам поголема самодоверба. Но, кога се вратив дома, повторно се чувствував како дете“. Ричард (23) имал слични чувства. Тој вели: „Не сакав да се вратам дома, ама не бев во состојба сам да се издржувам. Си мислев дека не ме бива за ништо“.

Ако се наоѓаш во слична ситуација, оваа статија може да ти помогне повторно да станеш финансиски независен.

ЗОШТО НЕКОИ МОРА ДА СЕ ВРАТАТ

Финансиски проблеми. Многу млади што се иселуваат од дома се запрепастени кога ќе сфатат колку е скап животот. Ричард вели: „Откако си заминав од дома, ја потрошив сета заштеда што ја имав“. Истото ѝ се случило и на Шејна, која се иселила од дома кога имала 24 години и се вратила кај нејзините една и пол година подоцна. Таа вели: „Требаше помудро да ги трошам парите. Се вратив дома со празни џебови и со долгови“.b

Проблеми со вработувањето. Дури и внимателно да си испланирал како ќе се издржуваш, ако останеш без работа, твоите планови може да пропаднат. Токму тоа ѝ се случило на Шејна. Таа вели: „Завршив медицина и успеав да се вработам преку една агенција. Но, кога добив отказ, се најдов во безизлезна ситуација. Бидејќи живеев на село, немав можност да најдам работа според мојата струка“.

Нереални очекувања. Некои млади се отселуваат од дома и почнуваат да работат без да се свесни што всушност значи сами да заработуваат за живот. Најчесто, нивната работа е многу потешка отколку што очекувале. Тие се изненадени кога ќе сфатат дека независноста која толку многу ја посакувале не е баш таква каква што си ја замислувале.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Зборувај со твоите родители. Може да разговарате за следниве работи: Колку долго ќе треба да живееш со нив? Како ќе придонесуваш за трошоците во домот? Кои домашни обврски ќе ги извршуваш ти? Кои чекори ќе ги преземеш за да можеш повторно сам да се издржуваш? Без разлика колку години имаш, не заборавај дека сега пак живееш под покривот на твоите родители и дека мора да се придржуваш за нивните правила. (Библиско начело: 2. Мојсеева 20:12.)

Научи да водиш сметка за парите. Во еден финансиски прирачник за тинејџери и студенти пишува: „Начинот на кој сега ги трошиш парите покажува дали добро ќе ракуваш со твоите финансии во иднина... Многу е важно да сфатиш дека не треба да трошиш пари на работи што не ти се потребни“ (The Complete Guide to Personal Finance: For Teenagers and College Students). (Библиско начело: Лука 14:28.)

Побарај совет. Твоите родители или други возрасни лица можат да ти дадат практични совети за тоа како мудро да ракуваш со парите, како да штедиш и како да ги плаќаш сметките. Една девојка, по име Мари, вели: „Морав да почнам од почеток. Една пријателка ми помогна да направам список со работите кои ми се потребни и со работите кои не ми се потребни. Не ми се веруваше дека повеќето пари ги трошев на непотребни работи. Исто така, научив како да покажувам самоконтрола — особина која е неопходна за оние што сакаат да живеат самостојно“. (Библиско начело: Изреки 13:10.)

Не е најважно што работиш, туку колку си вешт во тоа што го работиш

Барај работа. Искористи го слободното време за да бараш работа. Сепак, биди внимателен затоа што, кога станува збор за работата, некои луѓе може да ти велат: ‚Следи си ги соништата‘. Но, ако ја бараш работата од соништата, ќе си го ограничиш изборот и веројатно ќе испуштиш добри понуди. Наместо само да бараш одреден тип работа, остани отворен за сите можности што ти се нудат. Имај на ум дека не е најважно што работиш, туку колку си вешт во тоа што го работиш. Всушност, колку поискусен и повешт станува некој во својата работа толку повеќе ужива во неа. Не мора да го работиш она што го сакаш за да го сакаш она што го работиш.

a Имињата во оваа статија се сменети.

b Оние што студираат на факултет во САД честопати се наоѓаат во слична ситуација. Според еден извештај во Волстрит Џурнал, студентите кои се задолжиле, до дипломирањето имаат долг кој во просек изнесува 33.000 долари.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Почитувај ги татка си и мајка си“ (2. Мојсеева 20:12).

  • „Кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот за да види дали има со што да ја доврши?“ (Лука 14:28).

  • „Мудри се оние што меѓусебно се советуваат“ (Изреки 13:10).

ЗБОР-ДВА ДО РОДИТЕЛИТЕ

Искористете го времето додека вашите деца се дома за да им помогнете да ги стекнат вештините кои се потребни за да бидат самостојни. Научете ги мудро да ракуваат со парите, односно да внимаваат колку трошат и колку се задолжуваат. Научете ги и да вршат домашни обврски, односно да готват, да перат, да пеглаат и да извршуваат ситни поправки околу колата. Помогнете им да стекнат социјални вештини, односно да научат како да имаат добри односи со другите.

За повеќе информации, види на страници 305 и 306 од книгата „Младите прашуваат — делотворни одговори“ том 1, издадена од Јеховините сведоци. Достапна е и на www.jw.org/mk. Кликни на ИЗДАНИЈА > КНИГИ И БРОШУРИ.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели