ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 3 стр. 16
  • Вратот на мравката

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вратот на мравката
  • Разбудете се! 2016
  • Сличен материјал
  • Топлотниот штит на сребрената мравка од Сахара
    Разбудете се! 2017
  • Како мравката си ги чисти антените
    Случајно или создадено?
  • Содржина
    Разбудете се! 2016
  • „Оди кај мравката“
    Разбудете се! 1995
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 3 стр. 16

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Вратот на мравката

Мравка носи лист во устата

МАШИНСКИТЕ ИНЖЕНЕРИ се воодушевени од способноста на мравката да подигне товар што е многупати потежок од нејзиното тело. За да откријат како успева во тоа, инженерите при Државниот универзитет во Охајо (САД) направиле компјутерски модел на телото на мравката преку кој детално проучиле дел од нејзината телесна структура, физички карактеристики и движења. Моделот го изработиле така што направиле тродимензионален детален приказ на телото на мравката со помош на рендгенски зраци (микрокомпјутерска томографија), како и симулација на силите што се јавуваат додека мравката го носи товарот.

Особено важен дел од телото на мравката е нејзиниот врат, бидејќи тој мора да ја издржи целата тежина на товарот што таа го носи со својата уста. Меките ткива во вратот на мравката се сврзани со тврдиот оклоп на нејзиното тело и на нејзината глава слично како што се вкрстуваат прстите на дланките кога ќе се преклопат. „Градбата и структурата на овој сврзувачки дел кај вратот на мравката се пресудни за неговата улога“, вели еден од истражувачите. „Уникатниот начин на кој мекото ткиво е споено со тврдото ткиво придонесува тие да бидат цврсто поврзани. Ваквата градба на вратот на мравката можеби е клучна за да издржи толкав товар.“ Истражувачите се надеваат дека, ако откријат како точно функционира вратот на мравката, тоа многу ќе помогне во изработката на понапредни роботски механизми.

Што мислиш? Дали сложената градба на вратот на мравката и нејзината способност да носи тежок товар настанале по пат на еволуција или се дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели