ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/7 стр. 31
  • „Оди кај мравката“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Оди кај мравката“
  • Разбудете се! 1995
  • Сличен материјал
  • Мравките-медарки — пустински деликатес
    Разбудете се! 2011
  • Марш на една војска!
    Разбудете се! 2003
  • Градежни проекти кои му носат слава на Јехова
    Божјето Царство владее!
  • Изградба на Сали на Царството — важен аспект од светата служба
    Нашата служба за Царството 2006
Разбудете се! 1995
g95 8/7 стр. 31

„Оди кај мравката“

„НЕОБИЧНИ МРАВКИ“ — овој несекојдневен наслов се појави пред неколку години во една новинска статија во врска со една брзо изградена Сала на Царството на Јеховините сведоци. Која била причината за тој наслов? Не е тешко да се сфати кога ќе се погледне на авионска снимка едно такво градилиште. Еден поднаслов во истата новинска статија дал објаснување: „Петстотини Сведоци на Јехова на градилиште — надреалистичен мравјалник“.

Споредбата е соодветна, можеби и повеќе отколку што новинарот бил свесен. Точно, гледани одозгора, неколку стотици луѓе растрчани околу едно градилиште можат да заличат на мравки во мравјалник. Но, во овој случај, сличноста не е само површна. Зошто? Јеховините сведоци сериозно го сфаќаат библискиот совет од Изреки 6:6, каде што стои: „Оди кај мравката . . . види ја нејзината работа и биди мудар“. Како може некој да стане мудар ако ги посматра мравките?

Како прво, мравките постигнуваат многу. Библиската енциклопедија Insight on the Scriptures (Увид во Писмото) забележува: „Не е видливо само нивното инстинктивно подготвување за иднината туку и нивната истрајност и одлучност. Тие честопати носат или жилаво влечат предмети со тежина двојно поголема од нивната сопствена и прават сѐ што е можно за да ја исполнат својата посебна задача и не се повлекуваат дури и ако паднат, се слизнат или се струполат низ некоја стрмна провалија“.a

Слично на тоа, иако Јеховините сведоци не влечат градежен материјал со тежина двојно поголема од нивната сопствена, тие честопати ги зачудуваат своите соседи со тоа колку многу можат да постигнат на своите градежни проекти за релативно кратко време. Не е невообичаено да се види како нивните Сали на Царството брзо изникнуваат од темелот и се завршуваат во рок од само два или три дена!

Како го постигнуваат сето тоа? Така што ја имитираат мравката во уште една клучна работа. Во Insight on the Scriptures, за мравките се вели: „Тие извонредно соработуваат, ги чуваат своите гнезда многу чисти и покажуваат заинтересираност за другите соработници, понекогаш помагајќи им на ранетите или на исцрпените мравки да се вратат назад во гнездото“. Гореспоменатиот новинар бил импресиониран од еден сличен дух на соработка меѓу Сведоците, и опишал ‚80 професионалци од секоја гранка на градежниот занает, помогнати од 400 доброволци кои вложиле огромен труд со насмевка, во една опуштена атмосфера‘.

Сепак, сета таа напорна работа и соработка што Јеховините сведоци ја вложуваат во градењето на своите Сали на Царството е само една претслика на она што се случува внатре во тие сали во наредните години. Таму продолжуваат да се напрегаат и да соработуваат, организирајќи го своето дело на поучување и проповедање и одржувајќи состаноци кои се изградувачки и поучни. Што е уште поважно, тие се стремат да ја покажуваат иста онаква љубезна грижа за другите каква што покажувал Исус за своите следбеници кога бил на Земјата (Јован 13:34, 35).

Ако некогаш сте виделе Сала на Царството на Јеховините сведоци и сте се прашале што се случува внатре, срдечно Ве покануваме да дојдете и лично да видите. Можеме да Ве увериме дека ќе бидете срдечно пречекани, а посетата ќе биде поучна за вас.

[Фуснота]

a Издадено од Библиското и трактатно Друштво Стражарска кула од Њујорк, Инк.

[Слика на страница 31]

Брзо изградена Сала на Царството во Оријак (Франција)

[Извор на слика на страница 31]

Графички цртежи: Фараонова мравка. Lydekker

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели