Марш на една војска!
„Живееме во Белизе, во едно село во изградба, кое е опкружено со бујна вегетација. Едно утро, некаде околу 9 часот, нашиот дом го нападна војска. Надојдоа мравки што се провираа под вратата и низ секоја пукнатина во потрага по плен. Не ни преостана ништо друго освен да излеземе од дома час или два додека мравките беа во освојувачки поход. Кога се вративме, во куќата немаше останато ниту еден инсект.“
ЗА МНОГУ ЛУЃЕ што живеат во тропските земји како што е Белизе, ова е вообичаен настан и не е сосема непријатен. Тоа е еден начин да се исчисти куќата од штетници како што се лебарките и другите гадинки. Исто така, зад себе на остава никаков неред.
Интересно е тоа што мравките за кои станува збор овде се наречени мравки-војници затоа што живеат и функционираат како војска.a Наместо да градат гнезда, овие номадски војски, кои бројат стотици илјади мравки, прават привремени логори, при што купишта мравки ги испреплетуваат нозете и формираат жив ѕид околу кралицата и нејзиното легло. Од логорот се испраќаат извиднички трупи во вид на долги колони за да бараат храна, која се состои од инсекти и мали суштества, како што се гуштерите. Водачите на извидничката трупа изведуваат маневри како што се движи крилото на војска за да го фатат пленот во стапица. До оваа појава доаѓа кога, бидејќи немаат трага што ќе ја следат по миризбата, мравките-работнички што предводат се двоумат и запираат. Мравките во задните редови упорно продолжуваат напред, а доаѓа до испакнување и на други места од предната линија и резултат од тоа е низа од бранови што се движат напред, што остава впечаток како да се движи крилото на една војска.
Мравките-војници дејствуваат во циклус од по 36 дена. Тие маршираат околу 16 дена, а потоа остануваат на едно место 20 дена додека кралицата положува јајца. Потоа, гладот повторно ја присилува колонијата да тргне на марш. По рабовите на нивите колони што маршираат, широки околу 10 метри, бегаат пајаци, скорпии, бубачки и гуштери, а по нив следат птици, кои се хранат со овие бегалци, но очигледно не и со мравките.
Опишани како „инстинктивно мудри“ во Библијата во Пословици 30:24, 25, (NW), мравките се едно од чудата на создавањето.
[Фуснота]
a Во оваа статија станува збор за родот Eciton од Средна и Јужна Америка.
[Слика на страница 31]
Мравка-војник
[Извор на слика]
© Frederick D. Atwood
[Слика на страница 31]
Формираат мост така што ги испреплетуваат нозете
[Извор на слика]
© Tim Brown/www.infiniteworld.org