ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 5 стр. 8-9
  • Зборувај со детето за интимните односи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зборувај со детето за интимните односи
  • Разбудете се! 2016
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ
  • ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ
  • Разговарај со своите деца за сексот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Научи ги своите деца на висок морал
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Родители — штитете ги своите деца!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Како да го објаснам мојот став за сексот?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 5 стр. 8-9
Една мајка простира алишта и разговара со својата ќерка

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Зборувај со детето за интимните односи

ПРЕДИЗВИК

За да дојде до информации, едно момче гледа во Библијата, во една книга и во електронски уреди

До пред само неколку децении, родителите имаа барем некакви шанси да бидат првите што ќе зборуваат со својот син или ќерка за интимните односи. Можеа да им објаснуваат околу тоа малку по малку, според возраста и потребите.

Но, денес е многу поинаку. „Децата се изложени на пораки со сексуална содржина на сѐ помала возраст, и такви содржини има сѐ почесто во програмите за деца“, пишува во еден прирачник (The Lolita Effect). Дали овој тренд им користи или, пак, им штети на децата?

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Сексуални содржини има насекаде. Во една своја книга, писателката Дебора Рофман вели дека „во разговорите, рекламите, филмовите, книгите, текстовите на песните, телевизиските емисии, пишаните материјали, игрите, билбордите и телефонските и компјутерските екрани има толку многу слики, изрази и други работи што асоцираат на секс што многу [тинејџери, деца на предтинејџерска возраст, па дури и мали деца] не може а да не заклучат, макар и потсвесно, дека сексот мора да е... апсолутно најважната работа во животот“ (Talk to Me First).

Делумно се одговорни и рекламите. Рекламната индустрија и трговијата пласираат секси облека за деца, и со тоа уште од мали нозе ги учат да му придаваат преголемо значење на изгледот. Како што пишува во една книга, „светот на трговијата знае дека децата имаат потреба да бидат прифатени од врсниците, и тоа добро го искористува“ (So Sexy So Soon). Книгата додава: „Целта зад сето тоа е да ги натера децата постојано да сакаат да купат нешто ново“.

Потребно е повеќе од информации. Како што постои разлика меѓу тоа некој да знае како работи една кола и да биде одговорен возач, така постои разлика и меѓу тоа детето да знае што се интимни односи и да го користи тоа знаење за да носи добри одлуки.

Заклучок: Денес, повеќе од кога и да било порано, мора да му помогнеш на твоето дете да развие „моќ на согледување“ за да може „да разликува добро и зло“ (Евреите 5:14).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Зборувај на темата. Колку и да ти е непријатно, како родител имаш одговорност да зборуваш со твоето дете за интимните односи. Немој да бегаш од таа одговорност. (Библиско начело: Изреки 22:6.)

Разговарајте пократко но почесто. Наместо еднаш надолго и нашироко да зборувате, користи ги секојдневните прилики за да започнеш разговор, на пример, кога одите некаде со кола или правите нешто заедно. За да му помогнеш на детето да се отвори, поставувај прашања преку кои ќе видиш како размислува. На пример, наместо да прашаш: „Тебе ти се свиѓаат вакви реклами?“, би можел да речеш: „Што мислиш, зошто во рекламите ставаат разголени слики?“ Откако детето ќе одговори, би можел да го прашаш: „А тебе како ти изгледа тоа што го прават?“ (Библиско начело: 5. Мојсеева 6:6, 7.)

Зборувај според возраста. На децата на предучилишна возраст родителите можат да им кажат како се викаат половите органи и како да се заштитат од сексуални напасници. Како што растат, може да им кажат и некои основни работи за репродукцијата кај човекот. До пубертетот, тие веќе би требало добро да ги разбираат физичките и моралните аспекти на интимните односи.

Всади им вредности. Уште на рана возраст почни да го поучуваш детето што значат и колку вредат чесноста, верноста и почитта. Потоа, кога ќе разговарате за интимните односи, ќе можеш да градиш на тој темел. Јасно кажи што сметаш за исправно а што не. На пример, ако мислиш дека не е исправно некој да има предбрачен секс, кажи го тоа. Објасни и зошто сметаш дека тоа е погрешно и штетно. „Кај младите кои знаат дека нивните родители се против тоа тинејџери да имаат секс, помала е веројатноста да го направат тоа“, стои во една книга (Beyond the Big Talk).

Биди добар пример. Живеј според она што го зборуваш. Дали се смееш на безобразни шеги, се облекуваш провокативно, или флертуваш? Тоа може да ги уништи моралните вредности кои сакаш да ги всадиш во твоите деца. (Библиско начело: Римјаните 2:21.)

Биди позитивен. Интимните односи се дар од Бог, и во исправни околности — во брак — тие можат да бидат извор на задоволство (Изреки 5:18, 19). Објасни му на детето дека еден ден, како возрасен маж или жена, ќе има можност да ужива во тој дар, но без болката и грижите што ги носи предбрачниот секс (1. Тимотеј 1:18, 19).

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди, па нема да скршне од него ни кога ќе остари“ (Изреки 22:6).

  • „Всадувај ги [Божјите заповеди] во своите деца“ (5. Мојсеева 6:6, 7).

  • „Зарем ти, кој учиш други, не се учиш самиот себе?“ (Римјаните 2:21).

УЛОГАТА НА РОДИТЕЛОТ

Спротивно на вообичаеното мислење, на децата, вклучувајќи ги и тинејџерите, повеќе им влијаат родителите отколку врсниците. „Децата секогаш прво се потпираат на возрасните кои им се најблизу за да добијат водство и да го разберат светот на возрасните. Ќе побараат совет од други само ако видат или почувствуваат дека ние не сакаме или немаме време да разговараме со нив... Не треба да нѐ изненади она што го покажуваат повеќедецениските истражувања: децата што растат во семејства во кои отворено се зборува на одредени теми, како што се темите поврзани со сексуалните односи, се поздрави, носат подобри одлуки, стануваат поодговорни личности и, можеби најважно од сѐ, не брзаат да се впуштат во нешто ризично“ (Talk to Me First).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели