ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g17 Бр. 1 стр. 8-9
  • Насмевката е прекрасен подарок

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Насмевката е прекрасен подарок
  • Разбудете се! 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • НИВНАТА НАСМЕВКА МИ ДАВАШЕ СИЛА
  • Насмевнете се — тоа е добро за вас!
    Разбудете се! 2000
  • Лекција 5
    Учам од Библијата
  • Содржина
    Разбудете се! 2005
  • Гестови и изрази на лицето
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Разбудете се! 2017
g17 Бр. 1 стр. 8-9
Луѓе со широки насмевки на различна возраст и од различни раси

Насмевката е прекрасен подарок

КАКО реагираш кога некој ќе ти се насмевне? Најверојатно се чувствуваш пријатно и возвраќаш со насмевка. Искрената насмевка е заразна и нѐ расположува, сеедно дали е од некој наш близок или од некој што воопшто не го познаваме. Една жена по име Магдалена рекла: „Мојот покоен сопруг, Георг, имаше срдечна насмевка. Кога ќе ми се насмевнеше, тоа ме опушташе и ми влеваше чувство на сигурност“.

Искрената насмевка е одраз на позитивни емоции — радост, среќа и задоволство. Во онлајн списанието Observer што го издава Здружението за психолошки науки стои: „Насмевката е составен дел од човечката природа“. Според истата статија, дури и новороденчињата можат „точно да препознаваат изрази на лицето“. Статијата понатаму вели дека преку насмевката можеме да откриеме многу за некого и тоа да влијае врз нашето однесување кон него.

Истражувачи од Универзитетот Харвард (САД) испитувале како изразите на лицето на здравствените работници влијаат врз една група постари пациенти. Тие заклучиле дека, кога на лицето на вработените „се чита срдечност, топлина, грижа и сочувство“, пациентите се позадоволни и тоа добро влијае врз нивното здравје. Но, кога кај здравствените работници се гледа рамнодушност и незаинтересираност, тоа лошо се одразува врз пациентите.

Кога сме насмеани, тоа е добро и за нас. Според истражувањата, насмевката ја зголемува самодовербата и радоста, а го намалува стресот. Но, кога сме намуртени, тоа може да има сосема спротивен ефект.

НИВНАТА НАСМЕВКА МИ ДАВАШЕ СИЛА

Магдалена, која претходно ја спомнавме, била Јеховин сведок. За време на Втората светска војна, таа и нејзиното семејство биле испратени во концентрационен логор во Равенсбрик (Германија) затоа што не ја прифаќале нацистичката идеологија. Таа рекла: „Стражарите понекогаш ни забрануваа да зборуваме со другите затвореници. Но, не можеа да ни забранат да се смееме. Кога ќе ја видев насмевката на мајка ми и сестра ми, тоа ми даваше сила и бев уште порешена да истраам“.

Од многу грижи можеби и не ти е баш до смеа. Но, не заборавај дека чувствата произлегуваат од мислите (Изреки 15:15; Филипјаните 4:8, 9). Затоа, колку и да е тешко, размислувај за убави работи секогаш кога е можно.a Читањето на Библијата и молитвата им помогнале на многумина да успеат во тоа (Матеј 5:3; Филипјаните 4:6, 7). Всушност, различни форми на зборовите „среќа“ и „радост“ се јавуваат стотици пати во Библијата! Пробај да читаш една или две страници секој ден. Кој знае, можеби ќе почнеш да се смееш почесто.

Не чекај другите да ти се насмевнат. Ти биди првиот. Подари насмевка. Внеси радост во нивниот живот и разубави им го денот. Навистина, насмевката е дар од Бог кој го збогатува твојот живот и животот на луѓето околу тебе.

a Види ја статијата „Дали и ти си ‚на гозба без престан‘?“ во Разбудете се! од ноември 2013.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели