ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g17 Бр. 3 стр. 14-15
  • Ангели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ангели
  • Разбудете се! 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што се тоа ангели?
  • Какви задачи имале ангелите во минатото?
  • Што прават ангелите сега?
  • Како ангелите можат да ти помогнат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Што се ангелите?
    Одговор на библиски прашања
  • Вистината за ангелите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Ангели — како влијаат врз нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Разбудете се! 2017
g17 Бр. 3 стр. 14-15
Еден ангел му се појавува на Мојсеј во грмушка што гори

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Ангели

Ангелите се дел од многу филмови, и литературни и уметнички дела. Што се тоа ангели и каква улога имаат?

Што се тоа ангели?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Пред да ги создаде материјалниот свет и првите луѓе, Бог создал интелигентни суштества како повисок облик на живот. Тие се помоќни од луѓето и живеат во истото духовно подрачје каде што живее самиот Бог, подрачје во кое луѓето немаат пристап ниту можат да го видат (Јов 38:4, 7). Во Библијата, овие суштества се наречени „духови“ и „ангели“ (Псалм 104:4).a

Колку ангели постојат? Нивниот број е огромен. На пример, Библијата вели дека околу Божјиот престол има „миријади миријади и илјадници илјади“ ангели (Откровение 5:11). Доколку овој израз се сфати буквално, тогаш има стотици милиони ангели!

„И погледнав... многу ангели, кои беа околу престолот. Бројот им беше миријади миријади и илјадници илјади“ (Откровение 5:11)

Какви задачи имале ангелите во минатото?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Ангелите честопати служеле како Божји гласници.b Меѓу другото, за нив во Библијата пишува дека правеле чуда. На пример, Бог испратил ангел да го благослови Авраам и да го спречи да го жртвува својот син Исак (1. Мојсеева 22:11-18). А на Мојсеј му се појавил ангел во една грмушка што горела и му пренел порака која му го сменила животот (2. Мојсеева 3:1, 2). Кога пророкот Даниел бил фрлен во лавовска јама, Бог испратил ангел да им ја затвори устата на лавовите (Даниел 6:22).

„Тогаш Јеховин ангел му се појави [на Мојсеј] во огнот што пламтеше од една грмушка“ (2. Мојсеева 3:2)

Што прават ангелите сега?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Не можеме да знаеме какви сѐ задачи извршуваат ангелите денес. Сепак, од Библијата гледаме дека тие им помагаат на луѓето што имаат добро срце да дознаат повеќе за Бог (Дела 8:26-35; 10:1-22; Откровение 14:6, 7).

На Јаков, кој живеел во минатото, Јехова во сон му покажал една „скала“ меѓу небото и Земјата по која се качувале и слегувале ангели (1. Мојсеева 28:10-12). Веројатно Јаков дошол до истиот заклучок до кој можеме да дојдеме и ние — дека Јехова Бог ги испраќа ангелите да извршуваат разни задачи на Земјата, на пример, да им помагаат на верните луѓе на кои им треба помош (1. Мојсеева 24:40; 2. Мојсеева 14:19; Псалм 34:7).

„На земјата стоеше скала, чиј врв допираше до небото, и Божји ангели се качуваа и слегуваа по неа“ (1. Мојсеева 28:12)

a Библијата открива дека некои од духовните суштества се побуниле против Бог; нив ги нарекува „демони“ (Лука 10:17-20).

b Всушност, и изворниот хебрејски и изворниот грчки збор за ангел што се користат во Библијата значат „гласник“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели