2. Дали ние луѓето сме виновни за нашите страдања?
Зошто е важен одговорот
Ако одговорот е да, тогаш би можеле да сториме нешто за да го намалиме страдањето.
Размисли
До која мера луѓето се виновни за следниве работи кои предизвикуваат страдања?
Насилство.
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека секој четврти човек бил жртва на физичко насилство во некој период од детството и дека секоја трета жена била физички или сексуално малтретирана (или и едното и другото) во некој период од животот.
Смрт на некој близок.
„Се проценува дека во 2016 год. се случиле 477.000 убиства низ целиот свет“, пишува во Светската здравствена статистика (издание за 2018 год. објавено од СЗО). Исто така, се смета дека таа година биле убиени и околу 180.000 луѓе во војни и во вооружени конфликти.
Здравствени проблеми.
Во една статија објавена во списанието National Geographic, писателката Френ Смит напишала: „Повеќе од милијарда луѓе пушат, а тутунот ги предизвикува петте најчести причини за смрт: срцеви заболувања, мозочен удар, инфекции на дишните патишта, хронична опструктивна белодробна болест и рак на белите дробови.
Социјална нееднаквост.
„Кога луѓето се соочуваат со сиромаштија, кога се жртви на дискриминација врз основа на социјален статус, раса или пол, кога се присилени да се иселуваат или кога се под притисок да се докажуваат, поголема е веројатноста емоционално да страдаат“, вели психологот Џеј Вотс.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Гледај го видеоклипот Зошто Бог ја создал Земјата? на jw.org.
Што вели Библијата
Луѓето во голема мера се одговорни за страдањата во светот.
За голем дел од страдањата се виновни владите кои ги угнетуваат луѓето и им го отежнуваат животот, а тврдат дека владеат за нивно добро.
„Човек владее над човек на негова штета“ (ПРОПОВЕДНИК 8:9).
Страдањето може да се намали.
Библиските принципи ни помагаат да имаме подобро здравје и подобри односи со другите.
„Мирното срце е живот за телото, а љубомората е гнилеж за коските“ (ИЗРЕКИ 14:30).
„Нека се отстрани од вас сета злобна горчина и лутина и гнев и викање и навредлив говор заедно со сета злоба“ (ЕФЕШАНИТЕ 4:31).