ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 2 стр. 10-11
  • 3. Зошто страдаат добрите луѓе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 3. Зошто страдаат добрите луѓе?
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто е важен одговорот
  • Размисли
  • Што вели Библијата
  • 4. Дали Бог имал намера луѓето да страдаат?
    Разбудете се! 2020
  • Страдање
    Разбудете се! 2015
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Содржина
    Разбудете се! 2020
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 2 стр. 10-11
Родители гледаат во своето синче кое лежи во болнички кревет со ампутирана рака.

3. Зошто страдаат добрите луѓе?

Зошто е важен одговорот

Фактот дека добрите луѓе страдаат се коси со нашето чувство за правда. Исто така, тој факт води до заклучок дека не вреди да бидеш добар бидејќи и онака ќе страдаш.

Размисли

Некои луѓе веруваат дека постои непрекинат круг во кој човек постојано се раѓа и умира. Тие велат дека оној што прави добри дела, кога повторно ќе се роди, ќе има подобар живот. Но оној што прави лоши работи, во следниот живот постојано ќе страда. Според тоа верување, дури и некој што сега е добар може да страда доколку постапувал лошо во некој „претходен живот“. Други, пак, веруваат дека луѓето страдаат бидејќи така им било пишано. Меѓутоа...

  • Каква смисла има таквото страдање ако некој кој наводно повторно се родил не се ни сеќава на својот претходен живот?

  • Зошто да си го чуваме здравјето и да внимаваме да не ни се случи некоја несреќа ако нашата благосостојба во голема мера зависи од нашата судбина?

    ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

    Гледај го видеоклипот Зошто Бог ги дозволува страдањата? на jw.org.

Што вели Библијата

Страдањата не се казна од Бог.

Напротив, честопати се случуваат трагедии бидејќи некој се нашол на погрешно место во погрешно време.

„Трката не ја добиваат брзите, ни битката силните, ниту лебот го имаат мудрите, ни богатството разборитите, ниту се во милост оние што имаат знаење; зашто, времето и непредвидените настани го снаоѓаат секого од нив“ (ПРОПОВЕДНИК 9:11).

Една од причините за нашите страдања е гревот што сме го наследиле.

Зборот „грев“ луѓето обично го поврзуваат со некоја лоша постапка што некој ја направил. Меѓутоа, Библијата го користи овој збор и за да укаже на несовршеноста која сите луѓе — и добри и лоши — ја наследиле од првите маж и жена, Адам и Ева.

„Во престап сум роден, во грев ме зачна мајка ми“ (ПСАЛМ 51:5).

Поради наследениот грев луѓето трпат страшни последици.

Гревот не само што ни го нарушил односот со нашиот Творец туку и ни отежнува да бидеме во добри односи со другите луѓе и да ги контролираме сопствените чувства. Поради сето ова страдаат не само поединци туку и целото човештво.

„Кога сакам да го правам она што е добро, злото е во мене“ (РИМЈАНИТЕ 7:21).

„Знаеме дека целото создание заедно воздивнува и дека е во болка“ (РИМЈАНИТЕ 8:22).

Зошто страдаат добрите луѓе?

Голем дел од страдањата се последица на гревот кој го наследиле и добрите и лошите луѓе. Наследениот грев е причина за разните болести, како и за лошите особини со кои луѓето си наштетуваат едни на други.

Дали Бог имал намера да биде вака? Дали имал намера луѓето да страдаат?

Види го четвртото прашање.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели