ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 3 стр. 6-7
  • Покажувај сочувство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Покажувај сочувство
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Коренот на проблемот
  • Библиско начело
  • Како ќе ни помогне сочувството
  • Што можеш да направиш
  • Соживување — клуч за љубезност и сочувство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Покажувај сочувство
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Дали Бог е сочувствителен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
  • Односи со семејството и пријателите
    Разбудете се! 2019
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 3 стр. 6-7
Еден белец и еден сик седат во авион еден до друг и весело си разговараат.

Покажувај сочувство

Коренот на проблемот

Ако постојано мислиме колку поинакви се другите од нас, може да почнеме да гледаме на работите по кои се разликуваат од нас како на мани или недостатоци. Како резултат на тоа, може да мислиме дека сме подобри од нив. Ако почнеме вака да гледаме на другите, ќе ни биде потешко да покажуваме сочувство. А ако немаме сочувство, тоа може да значи дека проблемот е посериозен — дека имаме предрасуди.

Библиско начело

„Радувајте се со оние што се радуваат, плачете со оние што плачат“ (РИМЈАНИТЕ 12:15).

Што учиме од ова? Ова начело можеме да го сумираме во два збора — покажувај сочувство. Да покажуваме сочувство значи да се ставиме во кожата на другиот, да го почувствуваме она што тој го чувствува.

Како ќе ни помогне сочувството

Кога сочувствуваме со некого, сфаќаме, всушност, колку слични сме со него. Стануваме свесни дека имаме исти чувства и дека реагираме исто на работите. Сочувството ни помага да сфатиме дека сите сме луѓе, без разлика кој какво потекло има. Колку повеќе се концентрираме на сличностите што ги имаме со другите толку помалку ќе ги осудуваме.

Сочувството ќе ни помогне и да ги почитуваме другите. Ен-Мари од Сенегал едно време со потценување гледала на луѓето што во очите на другите се од пониска класа. Таа објаснува како ѝ помогнало сочувството: „Кога видов колку страдаат луѓето од пониските класи, се запрашав како ќе се чувствував јас да бев на нивно место. Ова ми ги отвори очите. Ми помогна да сфатам дека самото тоа што припаѓам на ’повисока класа‘ — нешто што не е ниту по мој избор ниту по моја заслуга — не ме прави подобра од тие луѓе“. Да, ако се трудиме да сфатиме со што сѐ се борат другите, ќе бидеме поспремни да покажеме сочувство и разбирање наместо да ги критикуваме.

Што можеш да направиш

Труди се да не се концентрираш на разликите, туку на сличностите што ги имаш со луѓето од групата за која имаш лошо мислење. На пример, пробај да замислиш како се чувствуваат:

Сочувството ни помага да сфатиме дека сите сме луѓе

  • додека јадат заедно со своето семејство

  • на крајот од еден напорен работен ден

  • додека се со своите пријатели

  • додека ја слушаат својата омилена музика

Потоа пробај да се ставиш на нивно место. Прашај се:

  • „Како би реагирал јас ако некој ме гледа со потценување?“

  • „Како би ми било ако другите си донесат некакво мислење за мене пред да ме запознаат?“

  • „Да припаѓав на таа група луѓе, како ќе сакав да се однесуваат другите со мене?“

Истиот белец и истиот сик си покажуваат слики и си разменуваат мислења за работите што им се заеднички, како што се семејството, спортот што го сакаат и работата.

Реален пример: Роберт (Сингапур)

„Порано си мислев дека глувите луѓе се чудни, дека не се интелигентни и дека се премногу осетливи. Затоа ги избегнував. Но, на тоа не гледав како на предрасуди.

Тоа што почнав да покажувам сочувство и разбирање за глувите ми помогна да ги надминам предрасудите што ги имав. На пример, порано мислев дека глувите не се интелигентни зашто кога им зборував, ме гледаа бледо. Затоа, пробав да си замислам како би ми било мене некој да ми зборува, а јас да не го слушам. Нормално дека ќе го гледам бледо! Дури и кога би носел апаратче за слушање, на лицето би ми се читало дека се мачам да разберам, а јас, всушност, би се мачел да слушнам.

Кога пробав да се ставам во кожата на еден глув човек, ги снема сите мои предрасуди.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели