ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА
Покажувај сочувство
Сочувството е способност да разбереме како некој размислува, како се чувствува, кои работи му значат и какви потреби има. Луѓето можат лесно да забележат кога ја покажуваме оваа особина. А што може да ни помогне да бидеме сочувствителни? Искрената желба да им помагаме на другите. Кога покажуваме сочувство во службата, ние го следиме примерот на Јехова кој е грижлив и полн со љубов, и така им помагаме на луѓето да се зближат со него (Фп 2:4).
Покажувањето сочувство не е само една обична метода на поучување; сочувството се гледа од тоа како ги слушаме другите и како зборуваме со нив, но и од нашите ставови, гестови и изрази на лицето. Покажуваме сочувство кога имаме искрен интерес за другите. Се трудиме да забележиме што ги интересира, во што веруваат и какви им се околностите. Им нудиме помош и практични совети, но не им вршиме притисок да се сменат. Кога луѓето ја прифаќаат нашата помош, чувствуваме уште поголема радост во службата.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НАЈДИ РАДОСТ ВО ПОУЧУВАЊЕТО — ПОДОБРИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ: ПОКАЖУВАЈ СОЧУВСТВО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Како Нита покажа сочувство кога Џејд доцнеше?
Како Нита покажа сочувство кога Џејд ѝ кажа дека не може да проучуваат затоа што е под голем стрес?
Кога покажуваме сочувство кон луѓето, тоа ги привлекува кон Јехова
Како Нита покажа сочувство кога Џејд кажа дека не е организирана?