ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g21 Бр. 3 стр. 8-9
  • Што не можат да ни откријат научниците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што не можат да ни откријат научниците
  • Разбудете се! 2021
  • Сличен материјал
  • Ембриолог зборува за својата вера
    Разбудете се! 2016
  • Како настанале универзумот и животот?
    Разбудете се! 2002
  • Науката и твојот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Творецот може да го осмисли твојот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Разбудете се! 2021
g21 Бр. 3 стр. 8-9
Еден професор разговара со неколку ученици.

Што не можат да ни откријат научниците

Се чини дека научниците го истражиле речиси секој дел од целиот познат универзум. Сепак, има уште многу важни прашања на кои тие не можат да дадат одговор.

Дали науката го открила потеклото на универзумот и на животот? Едноставно речено, не. Некои велат дека една гранка на науката позната како космологија може да го објасни потеклото на универзумот. Сепак, Марсело Глејзер, кој е професор по астрономија на колеџот Дартмут и кој е агностик, вели: „Не сме ни блиску до одговорот на прашањето како настанал универзумот“.

Во врска со потеклото на животот, нешто слично пишуваше во една статија од списанието Science News: „Можеби е воопшто невозможно да се дознае како навистина започнал животот на Земјата. Повеќето геолошки записи за тоа што, всушност, се случило на самиот почеток од постоењето на планетата одамна исчезнале“. Овие изјави покажуваат дека науката сѐ уште нема одговор на прашањето: „Како настанале универзумот и животот?“

Но можеби се прашуваш: „Ако животот на Земјата бил осмислен, тогаш кој го осмислил?“ Можеби си ги поставуваш и следниве прашања: „Ако постои еден мудар и грижлив Творец, тогаш зошто би дозволил да страдаат луѓето кои тој ги создал? Зошто би дозволил да постојат толку многу различни религии? Зошто би им дозволил на оние кои тврдат дека веруваат во него да прават толку многу лоши работи?“

Науката не може да ни даде одговор на овие прашања. Но тоа не значи дека ти не можеш да најдеш логични одговори. Всушност, многумина нашле логични одговори во Библијата.

Ако сакаш да дознаеш зошто некои научници кои си одвојуваат време за да ја проучуваат Библијата велат дека веруваат во Творец, оди на jw.org и побарај ја серијата видеоклипови Потеклото на животот.

Науката и Библијата им помогнале да веруваат во Творец

Георгиј Н. Којдан, хемичар

„Мојата работа честопати вклучува комбинирање на различни хемиски супстанции за да се добијат молекули. Тоа е како да играш шах. Треба однапред да испланираш неколку потези. Ако испуштиш само еден чекор, молекулата може да се распадне. Иако мојата работа е сложена, таа не е ништо во споредба со илјадниците хемиски реакции кои се одвиваат во живите клетки за да се добијат сложени молекули. Од ова доаѓам до заклучок дека мора да има еден Голем хемичар — Творец.

Кога ја проучував Библијата, сфатив дека таа не е како другите книги. Пишувањето на Библијата било завршено пред речиси 2.000 години, но сметам дека нејзините совети сѐ уште се корисни. Советите што ги дава во врска со тоа како да ги решаваме несогласувањата во семејството, на работа, и со другите луѓе, навистина се практични. Сфатив дека само некој кој е далеку поинтелигентен од нас може да даде такви мудри совети.“

Јан Да Сју, ембриолог

„Додека еден ембрион се развива, сите клетки мора да соработуваат една со друга за од нив да се формираат нерви, мускули, коски, крв и други ткива. Така на крај се развива еден целосен организам. Сѐ уште не го разбираме механизмот кој го регулира развитокот на еден ембрион. Според мене, животот мора да е осмислен од некое интелигентно битие.

Начинот на кој Библијата во Псалм 139:15, 16 го опишува развојот на ембрионот во утробата на една мајка е многу сличен со она што научниците го откриле во изминативе децении. Како е можно писателот да запишал ваков точен опис толку одамна доколку тоа не му го открил Творецот?“

Гледај го видеоклипот Росио Пикадо Хереро: Професор по хемија зборува за својата вера. Овој видеоклип можеш да го најдеш на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели