ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g22 Бр. 1 стр. 4-6
  • 1 | Чувај си го здравјето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1 | Чувај си го здравјето
  • Разбудете се! 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е ВАЖНО
  • Што треба да знаеш
  • Што можеш да преземеш уште сега
  • Пет чекори до подобро здравје
    Разбудете се! 2015
  • Како да го заштитите своето здравје
    Разбудете се! 1999
  • Физичко здравје
    Разбудете се! 2019
  • Задржи библиско гледиште за здравјето и лекувањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 2022
g22 Бр. 1 стр. 4-6
Голем избор на здрава храна поставена на маса.

СВЕТ ВО ХАОС

1 | Чувај си го здравјето

ЗОШТО Е ВАЖНО

Кога ќе дојде до некоја криза или ќе се случи некоја несреќа, тоа може да се одрази врз здравјето на луѓето.

  • Тешките ситуации ги ставаат луѓето под стрес, а долготрајниот стрес може да доведе до здравствени проблеми.

  • Во вонредни ситуации здравствениот систем може да биде оптоварен и поради тоа потешко да се дојде до соодветно лекување.

  • Во кризни ситуации луѓето страдаат во финансиски поглед и тешко им е да ги обезбедат основните работи, како што се храна и здравствена грижа.

Што треба да знаеш

  • Поради сериозните болести и стресот, би можел да носиш лоши одлуки кои штетно ќе влијаат врз твоето здравје.

  • Ако ги занемаруваш здравствените проблеми, состојбата може само да ти се влоши, па дури и да си го доведеш животот во опасност.

  • Колку подобро здравје имаш толку полесно ќе носиш добри одлуки во случај на криза.

  • Без разлика каква ти е економската состојба, можеш да преземеш нешто за да си го заштитиш здравјето.

Што можеш да преземеш уште сега

Секогаш кога е можно, еден мудар човек размислува за можните опасности и презема мерки за да ги избегне. Ова важи и во поглед на здравјето. Обично има помали шанси да се заразиш или барем да поминеш со полесни симптоми ако одржуваш добра хигиена. Впрочем, подобро е да се спречи отколку да се лечи.

„Затоа што одржуваме добра лична хигиена и хигиена во домот, се поштедуваме од дополнителни здравствени трошоци“ (Андреас).a

a Некои имиња во ова списание се сменети.

КАКО ДА ОПСТАНЕМЕ — Корисни совети

Следниве совети можат да ти помогнат да си го заштитиш здравјето

ОДРЖУВАЈ ДОБРА ХИГИЕНА

Еден човек надвор си ги мие рацете со сапун и вода.

Одржувај добра хигиена

Во Библијата пишува: „Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3). Обиди се да предвидиш што би можело да ти го загрози здравјето и избегнувај го.

  • Често миј си ги рацете со сапун и вода, особено пред да допираш храна или откако ќе користиш тоалет.

  • Редовно чисти го и дезинфицирај го домот, особено површините и предметите што често се допираат.

  • Колку што е можно, избегнувај близок контакт со луѓе кои имаат некоја заразна болест.

ХРАНИ СЕ ЗДРАВО

Голем избор на здрава храна поставена на маса.

Храни се здраво

Во Библијата пишува: „Никој не го мрази своето тело, туку го храни и го негува“ (Ефешаните 5:29). Покажуваме дека се грижиме за своето тело така што внимаваме што внесуваме во него.

  • Пиј многу вода.

  • Јади разни видови овошје и зеленчук.

  • Ограничи го внесот на масти, сол и шеќери.

  • Немој да пушиш, да претеруваш со алкохол или да користиш дрога.

„За да не се разболуваме, се трудиме да се храниме здраво. Во спротивно, цела плата ќе оди за лекови. Тие пари, попрво, би ги потрошиле на здрава храна“ (Карлос).

ВЕЖБАЈ И ОДМОРАЈ СЕ ДОВОЛНО

Еден човек трча по земјен пат.

Вежбај

Во Библијата пишува: „Подобар е еден грст одмор отколку два грста труд и трчање по ветар“ (Проповедник 4:6). Потребно е да работиме, но и доволно да се одмораме.

  • Биди физички активен. За почеток, би можел да почнеш редовно да пешачиш. Со физичката активност може да си го подобриш здравјето дури и ако си во години, ако имаш некаков инвалидитет или некоја хронична болест.

  • Една млада жена си дремнува малку.

    Одморај се доволно

    Одморај се доволно. Недоволниот сон, краткорочно гледано, може да предизвика поголем стрес и послаба концентрација. А долгорочно гледано, може да предизвика и некои посериозни здравствени проблеми.

  • Одреди си разумно време кога ќе си легнуваш и држи се за тоа. Труди се да си легнуваш и да стануваш во исто време секој ден.

  • Труди се да не гледаш телевизија и да не користиш електронски уреди додека си в кревет.

  • Избегнувај тешка храна, кофеин и алкохол пред да си легнеш.

„Сфатив дека сонот ми влијае врз здравјето. Ако не спијам доволно, понекогаш имам главоболки и се осеќам претепано. Но, кога сум наспан, имам чувство дека ништо не може да ме сопре! Полн сум со енергија, а и многу поретко се разболувам“ (Џастин).

Сцена од видеоклипот „Епидемии — како да се заштитиш“. Една жена му ја отвора вратата на еден вирус.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ. Гледај го видеоклипот Епидемии — како да се заштитиш. Побарај го овој видеоклип на jw.org. Прочитај ја и статијата „Пет чекори до подобро здравје“. Побарај ја оваа статија на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели