ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g19 Бр. 3 стр. 4-5
  • Физичко здравје

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Физичко здравје
  • Разбудете се! 2019
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ГРИЖИ СЕ ЗА СЕБЕ
  • РАСЧИСТИ СО ЛОШИТЕ НАВИКИ
  • ДРУГИ БИБЛИСКИ НАЧЕЛА
  • 1 | Чувај си го здравјето
    Разбудете се! 2022
  • Чекор 5 — мотивирај се себеси и семејството
    Разбудете се! 2011
  • Дали доволно спијам?
    Младите прашуваат
  • Задржи библиско гледиште за здравјето и лекувањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 2019
g19 Бр. 3 стр. 4-5
Еден човек јаде салата

Физичко здравје

Библијата не е учебник по медицина. Сепак, таа содржи совети што можат да ни помогнат да водиме поздрав живот. Да разгледаме неколку начела.

ГРИЖИ СЕ ЗА СЕБЕ

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Никој не го мрази своето тело, туку го храни и го негува“ (Ефешаните 5:29).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Ова библиско начело нѐ поттикнува да правиме сѐ што можеме за да се грижиме за нашето здравје. Едно истражување покажало дека многу здравствени проблеми се поврзани со начинот на живот. Според тоа, ако носиме добри одлуки во овој поглед, ќе имаме подобро здравје.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Внимавај на исхраната. Води сметка да се храниш добро така што ќе јадеш здрава храна и ќе пиеш доволно вода.

  • Биди физички активен. Физичката активност може добро да влијае врз твоето здравје без оглед на твојата возраст. Таа може да ти користи дури и да имаш некаков хендикеп или, пак, хронична болест. Иако твоите најблиски и лекарите можат да те поттикнуваат да вежбаш и да ти даваат некои предлози, ти мора да го направиш својот дел.

  • Спиј доволно. Оние што не спијат доволно во текот на подолг период можат сериозно да се разболат. Многу луѓе страдаат од недостиг на сон бидејќи секогаш има нешто друго што им е поважно. Меѓутоа, ако спиеш доволно, ќе живееш подобро.

РАСЧИСТИ СО ЛОШИТЕ НАВИКИ

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот“ (2. Коринќаните 7:1).

ШТО ЗНАЧИ ОВА: Ќе бидеме поздрави ако не користиме штетни супстанции како што е тутунот. Тутунот е еден од главните причинители на болести и смрт.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ: Одреди си датум на кој ќе престанеш да пушиш и означи го на својот календар. Пред тој ден, фрли ги цигарите, пепелниците, запалките и сѐ друго што е поврзано со оваа штетна навика. Немој да одиш на места каде што другите пушат. Кажи им на најблиските и на пријателите дека си донел одлука да престанеш да пушиш за да можат да те поддржат во тоа.

ДРУГИ БИБЛИСКИ НАЧЕЛА

Еден човек чита Библија

Можеш да побараш Библија од некој Јеховин сведок

ВНИМАВАЈ НА СВОЈАТА И НА ТУЃАТА БЕЗБЕДНОСТ.

„Ако изградиш нова куќа, направи и ограда на покривот за да не навлечеш вина за крв на својата куќа ако некој падне од неа“ (5. МОЈСЕЕВА 22:8).

НЕМОЈ БРЗО ДА СЕ ЛУТИШ.

„Кој е бавен на гнев, многу е разборит, а кој е нестрплив, покажува глупавост“ (ИЗРЕКИ 14:29).

НЕМОЈ ДА СЕ ПРЕЈАДУВАШ.

„Не биди меѓу оние што... лакомо јадат месо“ (ИЗРЕКИ 23:20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели