ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g22 Бр. 1 стр. 7-9
  • 2 | Мудро ракувај со парите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 2 | Мудро ракувај со парите
  • Разбудете се! 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО Е ВАЖНО
  • Што треба да знаеш
  • Што можеш да преземеш уште сега
  • Како да се води сметка за парите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Кога си во долгови до гуша
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Како да водите сметка за парите
    Твоето семејство може да биде среќно
  • Како да управуваш со своите пари
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2022
g22 Бр. 1 стр. 7-9
Еден дрводелец кове шајка со чекан во парче дрво.

СВЕТ ВО ХАОС

2 | Мудро ракувај со парите

ЗОШТО Е ВАЖНО

Многу луѓе секој ден мака мачат да врзат крај со крај. За жал, поради хаосот во светот, таа секојдневна борба станува сѐ потешка. Зошто?

  • Кога некои подрачја се погодени од разни проблеми, животните трошоци знаат да рипнат — вклучувајќи ги и цените на храната и домувањето.

  • Кризните ситуации може да доведат до поголема невработеност или намалување на платите.

  • Во природните несреќи може да бидат оштетени или уништени деловни објекти, домови или друг имот, поради што мнозина запаѓаат во сиромаштија.

Што треба да знаеш

  • Ако мудро ракуваш со парите, ќе може полесно да опстанеш кога ќе дојде до некоја криза.

  • Имај на ум дека работите може да се сменат преку ноќ, и приходите, заштедата и другите поседи може да ја изгубат вредноста.

  • Некои работи не се купуваат со пари, како, на пример, среќа и сложно семејство.

Што можеш да преземеш уште сега

Во Библијата пишува: „Ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:8).

Да бидеме задоволни значи да правиме разлика помеѓу она што би сакале да го имаме и она што навистина ни е потребно. Ова е особено важно ако имаме ограничени средства.

За да бидеш задоволен со она што го имаш, можеби ќе треба да направиш некои промени во стилот на живеење. Ако сакаш да живееш над своите можности, ќе западнеш во финансиски проблеми.

КАКО ДА ОПСТАНЕМЕ — Корисни совети

Следниве совети ќе ти помогнат мудро да ракуваш со парите

НАМАЛИ ГИ ТРОШОЦИТЕ

  • Една постара жена бере моркови од својата бавча.

    Намали ги трошоците

    Немој непотребно да купуваш нови апарати, уреди и облека. Размисли: „Дали навистина ми треба автомобил? Би можел ли да одгледувам зеленчук?“

  • Пред да купиш нешто, прашај се: „Дали навистина ми треба ова? Можам ли да си го дозволам?“

  • Ако ги исполнуваш условите, аплицирај за помош од државата или за хуманитарна помош.

„Седнавме како семејство и зборувавме за тоа како ги трошиме парите. Одлучивме да трошиме помалку на рекреација. Исто така, почнавме да готвиме јадења за кои требаше помалку пари“ (Гифт).

НАПРАВИ СИ ДОМАШЕН БУЏЕТ

Една жена има пред себе дигитрон и си запишува нешто од една сметка.

Направи си домашен буџет

Во Библијата пишува: „Замислите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист, а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија“ (Изреки 21:5). Ако си направиш буџет, нема да трошиш повеќе од тоа што го имаш.

  • Прво, запиши си ги месечните примања.

  • Следно, запиши ги редовните месечни трошоци и добро размисли дали може да смениш нешто.

  • Потоа, ако видиш дека трошоците ти се поголеми од примањата, размисли на што би можел да скратиш.

„Секој месец си ги запишуваме примањата и трошоците. Си тргаме пари настрана за непредвидени ситуации и за работи што ќе мора да ги купиме во иднина. Тоа ни помага да не сме премногу загрижени“ (Карлос).

НЕ СЕ ЗАДОЛЖУВАЈ / ШТЕДИ

  • Една мајка ѝ помага на својата ќеркичка да стави пари во една тегла.

    Не се задолжувај / штеди

    Добро планирај за да не се задолжуваш непотребно. Ако е возможно, воопшто не се задолжувај. Наместо тоа, штеди за да можеш да го купиш она што ти е потребно.

  • Секој месец ставај си по некој денар настрана за неопходни и за непредвидени трошоци во иднина.

РАБОТИ ВРЕДНО / ЗАДРЖИ ЈА РАБОТАТА

Во Библијата пишува: „Од секој труд има корист“ (Изреки 14:23).

  • Еден дрводелец кове шајка со чекан во парче дрво.

    Работи вредно / задржи ја работата

    Имај исправен став кон работата. Дури и ако она што го работиш не е по твоја желба, сепак ти носи некаков приход.

  • Биди вреден и совесен работник. Така полесно ќе ја задржиш работата или, ако треба, полесно ќе најдеш друга работа во иднина.

„Работам сѐ што ќе најдам, дури и ако работата не ми се допаѓа или ако платата не е колку што би сакал. Работата си ја вршам совесно, добро и квалитетно, како да работам за себе“ (Димитри).

Ако бараш работа...

  • Преземи иницијатива. Јавувај се во фирми кои би можеле да имаат работа за тебе, дури и ако немаат дадено оглас. Кажи им на пријателите и роднините дека бараш работа.

  • Биди спремен да се приспособиш. Мала е веројатноста дека ќе најдеш работа по сите твои критериуми.

Родителите си ги средуваат сметките додека децата си играат во дворот.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ. Прочитај ја статијата „Како да раководиш со парите“. Побарај ја оваа статија на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели