ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 12
  • Луѓето градат голема кула

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Луѓето градат голема кула
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Тие не си направиле славно име
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Вавилонската кула
    Поуки од Библијата
  • Дали јазиците потекнуваат од „Вавилонската кула“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 12

Приказна 12

Луѓето градат голема кула

ПОМИНАЛЕ многу години. Синовите на Ное имале многу деца. И нивните деца пораснале, па и тие имале деца. И така, по кратко време, имало многу луѓе на Земјата.

Еден од нив бил правнукот на Ное, кој се викал Нимрод. Тој бил лош човек кој ловел и убивал и животни и луѓе. Исто така, се поставил себеси за цар за да владее над другите луѓе. Бог не го сакал Нимрод.

Во тоа време, сите луѓе зборувале еден јазик. Нимрод сакал да ги задржи сите нив на едно место за да може да владее со нив. Знаеш ли што сторил? Им рекол на луѓето да изградат град и една голема кула во него. Погледни на сликата како правеле тули.

Јехова Бог не бил задоволен со оваа изградба. Тој сакал луѓето да се раселат и да живеат по целата Земја. Но, луѓето рекле: ‚Ајде да изградиме град и кула толку висока што врвот ќе ѝ допира до небото. Тогаш ќе бидеме славни!‘ Луѓето сакале чест за себе, а не за Бог.

Затоа Бог ги спречил да ја изградат кулата. Дали знаеш како го сторил тоа? Така што наеднаш предизвикал тие да зборуваат на различни јазици, наместо само на еден. Градителите повеќе не можеле да се разберат еден со друг. Токму затоа нивниот град бил наречен Вавел, или Вавилон, што значи „збрка“.

Тогаш луѓето почнале да се иселуваат од Вавел. Групите што зборувале на ист јазик отишле да живеат заедно на други делови од Земјата.

1. Мојсеева 10:1, 8-10; 11:1-9.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели