ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 15
  • Жената на Лот се свртела назад

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Жената на Лот се свртела назад
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Жената на Лот
    Поуки од Библијата
  • Бог склучува сојуз со Авраам
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Лот и неговото семејство
    Библиски стрип
  • Помагај им на другите да се справат со стресот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 15

Приказна 15

Жената на Лот се свртела назад

ЛОТ и неговото семејство живееле заедно со Авраам во земјата Ханаан. Еден ден Авраам му рекол на Лот: ‚Овде нема доволно место за сите наши животни. Ајде, те молам, да се одвоиме. Ако ти појдеш на една страна, јас ќе појдам на другата‘.

Лот ја погледнал земјата и видел еден многу убав предел каде што имало вода и изобилство добра трева за неговата стока. Тоа била Јорданската Долина. Затоа Лот ги преселил таму своето семејство и животните. На крајот се населиле во градот Содом.

Луѓето во Содом биле многу лоши. Тоа го вознемирувало Лот зашто бил добар човек. Тоа го вознемирувало и Бог. На крајот, Бог испратил два ангела за да го предупредат Лот дека тој ќе ги уништи Содом и соседниот град Гомор поради нивната лошотија.

Ангелите му рекле на Лот: ‚Побрзај! Земи ги жената и двете ќерки и излезете оттука!‘ Но Лот и неговото семејство биле малку бавни. Затоа ангелите ги фатиле за рака и ги извеле надвор од градот. Тогаш еден од ангелите им рекол: ‚Бегајте за да се спасите! Не свртувајте се назад! Бегајте во планините, за да не бидете убиени‘.

Лот и неговите ќерки го послушале, и избегале од Содом. Не застанале ниту за миг и не се свртеле назад. Но жена му на Лот била непослушна. Откако малку се оддалечиле од Содом, таа застанала и се свртела назад. И тогаш се претворила во столб од сол. Ја гледаш ли на сликата?

Од ова можеме да извлечеме добра поука. Тоа ни покажува дека Бог ги спасува оние што му се послушни, а оние што не го слушаат, ќе го изгубат својот живот.

1. Мојсеева 13:5-13; 18:20-33; 19:1-29; Лука 17:28-32; 2. Петрово 2:6-8.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели