ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 4 стр. 7
  • Бог склучува сојуз со Авраам

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог склучува сојуз со Авраам
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Кој бил Авраам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Јехова го нарекол свој пријател
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Авраам и Сара — можеш да ја имитираш нивната вера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Авраам и Сара го послушале Бог
    Поуки од Библијата
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 4 стр. 7
Авраам гледа во ѕвездите

ДЕЛ 4

Бог склучува сојуз со Авраам

Авраам му е послушен на Јехова Бог бидејќи има силна вера. Затоа Јехова му ветува дека ќе го благослови и дека ќе ги намножи неговите потомци

ПО ОКОЛУ 350 години од Потопот во древниот и богат град Ур кој се наоѓал на подрачјето на денешен Ирак живеел Авраам. Тој бил човек кој имал многу силна вера во Бог. Но еден ден неговата вера била ставена на испит.

Јехова му рекол да го напушти својот роден крај и да се пресели во непозната земја односно во Ханаан. Авраам веднаш послушал. Со себе ги повел својата жена Сара својот братанец Лот како и многу слуги. По долго патување стигнале во Ханаан каде што почнале да живеат во шатори. Јехова склучил сојуз со Авраам и му ветил дека од него ќе направи голем народ дека преку него ќе се благословат сите народи на Земјата и дека ханаанската земја ќе им припадне на неговите потомци.

Авраам и Лот се збогатиле и стекнале многу овци и говеда. Авраам несебично му препуштил на Лот да избере каде ќе живее. Лот ја избрал плодната долина на реката Јордан и се населил во близина на Содом. Но жителите на тој град биле крајно неморални што било голем грев пред Јехова.

Јехова Бог подоцна му го повторил на Авраам ветувањето дека неговите потомци ќе бидат бројни како ѕвездите на небото. Авраам верувал во тоа ветување. Сепак неговата сакана жена Сара сѐ уште немала деца. Но кога Авраам имал 99 години а Сара речиси 90 Бог му рекол дека ќе им се роди син. Ова ветување се исполнило и Сара го родила Исак. Авраам имал и други деца но Избавителот што бил ветен уште во Еден требало да дојде од лозата на Исак.

Во меѓувреме Лот и неговото семејство се населиле во Содом. Но праведниот Лот не станал неморален како жителите на тој град. Кога решил да го казни Содом Јехова испратил ангели за да го предупредат Лот дека на градот му претстои уништување. Ангелите ги побрзувале Лот и неговото семејство да излезат од Содом и им рекле да не се свртуваат назад. Потоа Бог пуштил дожд од оган и сулфур врз Содом и врз блискиот град Гомор и така ги уништил сите жители на тие расипани градови. Лот и неговите две ќерки се спасиле. Но неговата жена се обѕрнала зад себе веројатно затоа што жалела по она што го оставила. За својата непослушност платила со живот.

Се темели на 1. Мојсеева 11:10—19:38.

  • Зошто Авраам се преселил во Ханаан?

  • Каков сојуз склучил Јехова со Авраам?

  • Зошто Јехова ги уништил Содом и Гомор?

БОГ КОЈ СКЛУЧУВА СОЈУЗИ

Во библиски времиња, сојузот претставувал еден вид договор или спогодба. Преку неколку такви сојузи, односно свечени ветувања, Јехова постепено откривал како ќе ја исполни својата намера во врска со Избавителот што го ветил уште во еденската градина. Сојузот што го склучил со Авраам открил дека ветениот Избавител ќе дојде од лозата на овој негов слуга. Подоцнежните сојузи откриле и други детали во врска со тој Избавител.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели