ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 17
  • Близнаци кои биле различни

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Близнаци кои биле различни
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Јаков добил наследство
    Поуки од Библијата
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Јаков и Исав се помириле
    Поуки од Библијата
  • Донесувај мудри одлуки за да го зачуваш своето наследство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 17

Приказна 17

Близнаци кои биле различни

ОВИЕ две момчиња многу се разликуваат едно од друго, нели? Дали знаеш како се викаат? Ловецот е Исав, а момчето што се грижи за овците е Јаков.

Исав и Јаков биле близнаци. Тие им биле синови на Исак и Ревека. Нивниот татко Исак многу го сакал Исав затоа што тој бил добар ловец и носел дома храна за семејството. Но Ревека повеќе го сакала Јаков затоа што бил тивко и мирно момче.

Дедо им Авраам сѐ уште бил жив, па можеме само да си замислиме колку многу Јаков сакал да слуша додека тој му зборувал за Јехова. Авраам умрел на 175 години, кога близнаците имале по 15 години.

Кога имал 40 години, Исав се оженил со две жени од ханаанската земја. Ова многу ги разжалостило Исак и Ревека затоа што тие жени не му служеле на Јехова.

Еден ден се случило нешто, и Исав многу му се налутил на својот брат Јаков. Дошло време Исак да му даде благослов на својот постар син. Бидејќи бил постар од Јаков, Исав очекувал тој да го добие благословот. Но самиот претходно му го продал на Јаков своето право на благослов. Освен тоа, кога се родиле двете момчиња, Бог рекол дека Јаков ќе го добие благословот. И токму така се случило. Исак му го дал благословот на својот син Јаков.

Подоцна, кога дознал за тоа, Исав многу му се налутил на Јаков. Бил толку лут што рекол дека ќе го убие. Кога Ревека го чула тоа, многу се загрижила. Затоа му рекла на својот маж Исак: ‚Ќе биде многу лошо ако и Јаков се ожени со една од овие Ханаанки‘.

Затоа Исак го викнал својот син Јаков и му рекол: ‚Немој да се ожениш со некоја Ханаанка, туку оди во куќата на твојот дедо Ветуил во Харан и ожени се со една од ќерките на неговиот син Лаван‘.

Јаков го послушал својот татко, и веднаш тргнал на долг пат до Харан, каде што живееле неговите роднини.

1. Мојсеева 25:5-11, 20-34; 26:34, 35; 27:1-46; 28:1-5; Евреите 12:16, 17.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели