ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/10 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Близнаци кои биле различни
    Мојата книга со библиски приказни
  • Јаков добил наследство
    Поуки од Библијата
  • Јаков и Исав се помириле
    Поуки од Библијата
  • Ревека — побожна жена од акција
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/10 стр. 31

Прашања од читателите

Зарем не било погрешно тоа што Јаков се преправил дека е Исав, како што е запишано во 1. Мојсеева 27:18, 19?

Веројатно ти е познат овој извештај. Кога Исак веќе бил во поодминати години, побарал од Исав да му улови дивеч и му рекол: „Донеси ми да јадам, па мојата душа да те благослови пред да умрам!“ Кога Ревека чула што кажал нејзиниот маж, подготвила вкусно јадење и му рекла на Јаков: „Ќе го однесеш кај татко ти да јаде, па да те благослови пред да умре“. Потоа Јаков облечен во алиштата на Исав и со јарешки кожи на рацете и вратот, му го однел вкусното јадење на татко си. Кога Исак го прашал: „Кој си ти, сине?“, Јаков одговорил: „Јас сум Исав, твојот првороден“. Исак му поверувал и го благословил (1. Мојсеева 27:1-29).

Библијата не објаснува во детали зошто Ревека и Јаков постапиле на овој начин, но покажува дека сето ова се случило ненадејно. Божјата реч ниту ја оправдува ниту ја осудува нивната постапка. Според тоа, не ја наведува како пример за лага и измама. Но сепак, Библијата фрла светлина врз она што се случило.

Прво, од извештајот јасно се гледа дека на Јаков му следувал благослов од татко му, а на Исав не. Некое време пред тоа, Јаков законски го откупил правото на првородство од својот брат близнак, кој немал никакво ценење за ова право и кога огладнел го продал за само еден оброк. Така Исав ‚го презрел своето првородство‘ (1. Мојсеева 25:29-34). Затоа може да се каже дека, кога отишол кај татко си, Јаков го побарал благословот кој со право му следувал.

Второ, кога Исак подоцна сфатил дека го благословил Јаков а не Исав, не сакал да го смени она што го направил. Можеби се сетил на она што Јехова ѝ го рекол на Ревека пред да ѝ се родат близнаците: „Постариот ќе му служи на помладиот“ (1. Мојсеева 25:23). Интересно е и тоа што, кога Јаков заминувал за Харан, Исак му дал уште поголем благослов од оној што му го кажал пред тоа (1. Мојсеева 28:1-4).

И трето, не смееме да заборавиме дека Јехова гледал и бил заинтересиран за она што се случувало. Благословот што го дал Исак бил поврзан со ветувањето кое Бог му го дал на Авраам (1. Мојсеева 12:2, 3). Ако Бог не сакал Јаков да го добие благословот, можел да се вмеша на некој начин. Наместо тоа, Јехова му потврдил на Јаков: „Преку тебе и преку твоето потомство ќе се благословат сите народи на земјата“ (1. Мојсеева 28:10-15).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели