ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 25
  • Семејството се сели во Египет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Семејството се сели во Египет
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Јехова не го заборавил Јосиф
    Поуки од Библијата
  • „Зар сум јас на местото на Бог?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Браќата го мразат Јосиф
    Мојата книга со библиски приказни
  • „Ве молам, чујте го сонот што го сонив“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 25

Приказна 25

Семејството се сели во Египет

ЈОСИФ не можел повеќе да ги совладува своите чувства. Им рекол на сите свои слуги да излезат од собата. Кога останал насамо со своите браќа, Јосиф се расплакал. Можеме да си замислиме колку биле изненадени неговите браќа, бидејќи не знаеле зошто плаче. На крајот, тој рекол: ‚Јас сум Јосиф. Жив ли е уште татко ми?‘

Неговите браќа биле толку изненадени што не можеле да зборуваат. Тие се исплашиле. Но Јосиф им рекол: ‚Ве молам, пријдете поблиску!‘ Кога му пришле, тој рекол: ‚Јас сум Јосиф, вашиот брат што го продадовте во Египет‘.

Јосиф продолжил да зборува љубезно: ‚Немојте да се обвинувате себеси затоа што ме продадовте. Всушност, Бог беше тој што ме испрати во Египет за да им го спасам животот на многу луѓе. Фараонот ме постави за управител над целата земја. Појдете сега брзо кај татко ми и кажете му го ова. А кажете му и да дојде и да живее овде‘.

Тогаш Јосиф ги прегрнал своите браќа, и сите по ред ги гушкал и ги бакнувал. Кога чул дека дошле неговите браќа, фараонот му рекол на Јосиф: ‚Нека земат коли, па нека појдат да го земат својот татко и своите семејства и нека се вратат. Ќе им ја дадам најдобрата земја во цел Египет‘.

Токму тоа и го сториле. На сликата можеш да видиш како Јосиф го пречекал својот татко кога тој дошол во Египет со сето свое семејство.

Семејството на Јаков станало многу големо. Сѐ на сѐ, кога се преселиле во Египет имало 70 члена, ако се бројат децата и внуците на Јаков. Но, тука биле и жените, како и, најверојатно, многуте слуги. Сите тие се населиле во Египет. Биле наречени Израелци затоа што Бог му го променил името на Јаков во Израел. Израелците, како што ќе видиме подоцна, станале за Бог еден многу посебен народ.

1. Мојсеева 45:1-28; 46:1-27.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели