ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 27
  • Еден лош цар владее со Египет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еден лош цар владее со Египет
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Мојсеј одлучил да му служи на Јехова
    Поуки од Библијата
  • Преминување на Црвеното Море
    Мојата книга со библиски приказни
  • Кој е Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Следните шест неволји
    Поуки од Библијата
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 27

Приказна 27

Еден лош цар владее со Египет

ОВИЕ луѓе го присилуваат народот да работи. Види го човекот кој со камшик тепа еден од работниците! Тие работници се од семејството на Јаков, и се нарекуваат Израелци. Луѓето, пак, што ги присилуваат да работат се Египќани. Израелците им станале робови на Египќаните. Како се случило тоа?

Големото семејство на Јаков со години живеело во мир во Египет. Јосиф, кој бил најважниот човек во Египет по царот-фараон, се грижел за нив. Но Јосиф умрел, а цар во Египет станал еден нов фараон, кој не ги сакал Израелците.

Така, овој лош фараон ги направил Израелците робови. Исто така, над нив поставил луѓе кои биле зли и сурови. Тие ги принудувале Израелците да работат многу напорно и да градат градови за фараонот. Но бројот на Израелците сѐ повеќе растел. По некое време, Египќаните се уплашиле дека Израелците ќе станат многу побројни и посилни од нив.

Дали знаеш што направил фараонот? Разговарал со жените кои им помагале на израелските мајки кога ги раѓале своите деца, и им рекол: ‚Мора да го убиете секое машко дете што ќе се роди‘. Но тие жени биле добри и не ги убивале децата.

Затоа фараонот им заповедал на сите свои луѓе: ‚Земете ги машките бебиња на Израелците и убијте ги! Оставете ги живи само женските бебиња‘. Зарем тоа не било една ужасна заповед? Да видиме како било спасено едно машко бебе.

2. Мојсеева 1:6-22.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели