ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/7 стр. 3-5
  • Кој е Јехова?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е Јехова?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поголем од египетските богови
  • Заштитник на својот народ
  • Лекција научена од искуство
  • Јехова „стана мој избавител“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Првите три неволји
    Поуки од Библијата
  • Мојсеј и Арон одат кај фараонот
    Мојата книга со библиски приказни
  • Мојсеј и Арон — храбри објавители на Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/7 стр. 3-5

Кој е Јехова?

„КОЈ е Јехова?“ — прашал горделивиот фараон, царот на Египет, пред 3.500 години. Неговата дрскост понатаму го навела да каже: „Не познавам никаков Јехова“. Двајцата мажи, кои стоеле пред фараонот во тој момент, добро знаеле кој бил Јехова. Тоа биле родените браќа Мојсеј и Арон, од Израелското племе Леви. Јехова ги испратил да побараат овој египетски владетел да ги пушти Израелците во пустината за да можат таму да ја одржат својата религиозна свеченост (2. Мојсеева 5:1, 2, New World Translation of the Holy Scriptures).

Фараонот не сакал никаков одговор на своето прашање. Под негова влада, свештениците го унапредувале обожавањето на стотици лажни божества. Всушност, самиот фараон бил сметан за бог! Според египетската митологија, тој бил син на богот-сонце Ра и инкарнација на божеството со орелска глава Хорус. Фараонот бил ословуван со такви титули како што се „моќен бог“ и „вечни“. Затоа, не било чудно што презирно прашал: „Кој е Јехова, та јас да го послушам неговиот глас?“ (NW).

Не било потребно Мојсеј и Арон да одговорат на тоа прашање. Фараонот знаел дека Јехова е Богот кого Израелците го обожавале, а кои во тоа време страдале под египетското ропство. Но фараонот и целиот Египет набргу требале да научат дека Јехова е вистинскиот Бог. Како тогаш, така и денес, Јехова ќе направи неговото име и Божество да му бидат познати секому на Земјата (Језекиил 36:23). Затоа за нас ќе биде корисно ако разгледаме на кој начин Јехова Бог го возвисил своето име во древниот Египет.

Поголем од египетските богови

Кога фараонот презирно прашал кој бил Јехова, не ги очекувал последиците кои подоцна ги доживеал. Јехова самиот му одговорил, нанесувајќи десет неволји над Египет. Десетте неволји не биле само удари за нацијата. Тоа биле удари и за боговите на Египет.

Неволјите ја демонстрирале Јеховината супериорност над египетските божества (2. Мојсеева 12:12; 4. Мојсеева 33:4). Замисли си ја олелијата кога Јехова ја претворил реката Нил и сета вода во Египет во крв! Преку тоа чудо, фараонот и неговиот народ научиле дека Јехова е поголем од богот на Нил Хапи. Смртта на рибите во Нил исто така била удар за египетската религија, бидејќи некои видови риби биле обожавани (2. Мојсеева 7:19-21).

Понатаму, Јехова му нанел на Египет неволја од жаби. Тоа ја обезвреднило египетската божица-жаба Хект (2. Мојсеева 8:5-14). Третата неволја ги посрамила врачевите кои не биле во состојба да го повторат Јеховиното чудо на претворање на правот во комарци. „Ова е прст Божји!“ извикале (2. Мојсеева 8:16-19, NW). Египетскиот бог Тот, кој бил славен по изведување на магии, не можел да им помогне на овие измамници.

Фараонот учел кој е Јехова. Јехова бил Бог кој можел да ја објави својата намера преку Мојсеј, а потоа да ја исполни преку чудесните неволји над Египќаните. Јехова исто така можел да ги започне и заврши ударите според неговата волја. Меѓутоа, ова спознание не го поттикнало фараонот да му се подложи на Јехова. Напротив, надуениот египетски владетел тврдоглаво продолжил да му се противи на Јехова.

Во текот на четвртата неволја, штрколи ја опустошиле земјата, ги нападнале куќите и веројатно се роеле во воздухот кој сам по себе бил предмет на обожавање персонифициран во богот Шу, односно божицата Изис, кралицата на небото. Хебрејскиот збор за овој инсект е преведен со зборот „штркол“, „говедска мува“ и „бубалка“ (New World Translation; Septuagint; Young). Ако се работело за инсектот тркалач, Египќаните биле погодени од инсекти кои ги сметале за свети и луѓето не можеле да одат, а при тоа да не ги згазат. Секако, од оваа неволја фараонот научил нешто ново за Јехова. Египетските божества не можеле да ги заштитат своите обожаватели од штрколите, а Јехова можел да го заштити својот народ. Овие и останатите неволји ги погодиле Египќаните, но не и Израелците (2. Мојсеева 8:20-24).

Петтата неволја била чума врз египетскиот добиток. Овој удар ги осрамотил Хатор, Апис и Нут, божицата на небото со тело на крава (2. Мојсеева 9:1-7). Шестата неволја им нанела чиреви на луѓето и животните, понижувајќи ги божествата Тот, Изис и Пта, на кои неисправно им била припишувана исцелителска моќ (2. Мојсеева 9:8-11).

Седмата неволја била силен град со оган кој треперел помеѓу зрната град. Овој удар го осрамотил богот Респу, божемниот господар на молњата, и Тот, кој наводно господарел со дождот и грмотевицата (2. Мојсеева 9:22-26). Осмиот удар, неволјата од скакулци, ја покажал Јеховината супериорност над богот на плодноста Мин, божемниот заштитник на посевот (2. Мојсеева 10:12-15). Деветиот удар, тридневната темнина над целиот Египет, ги осрамотила таквите египетски божества како што биле богот-сонце Ра и богот-сонце Хорус (2. Мојсеева 10:21-23).

И покрај деветте опустошувачки неволји, фараонот и понатаму одбивал да ги ослободи Израелците. Неговата бесчувствителност скапо го чинела Египет кога Бог ја нанел десеттата и последна неволја — смртта на сите првороденци меѓу луѓето и добитокот. Дури и првородениот син на фараонот погинал, иако бил сметан за бог. На тој начин Јехова им ‚се одмаздил на сите египетски богови‘ (2. Мојсеева 12:12, 29).

После такво нешто, фараонот ги повикал Мојсеј и Арон да дојдат, велејќи им: „Станете, одете си од народот мој, како вие така и синовите Израилеви, и извршете Му служба на Господа [Јехова, NW], како што велевте. Земете ги и овците ваши, говедата ваши, како што велевте и одете си, па и мене благословете ме“ (2. Мојсеева 12:31, 32).

Заштитник на својот народ

Израелците излегле, но бргу после тоа на фараонот му изгледало дека бесцелно скитаат во пустината. Тој и неговите слуги се прашале: „Што направивме, па ги пуштивме синовите Израилеви, та да не ни работат повеќе“ (2. Мојсеева 14:3-5). Губитокот на цела нација робови би бил тежок економски удар за Египет.

Фараонот ја собрал својата војска и го гонел Израел сѐ до Пихахирот (2. Мојсеева 14:6-9). Во воен поглед, ситуацијата за Египќаните изгледала поволно затоа што Израелците се нашле во стапица помеѓу море и планини. Но, Јехова дејствувал да ги заштити Израелците со тоа што поставил облак помеѓу нив и Египќаните. На страната на Египќаните „се покажувал како облак заедно со темнина“, со што ги спречил да извршат напад. Од другата страна, облакот бил светол, „осветлувајќи ја ноќта“ за Израел (2. Мојсеева 14:10-20, NW).

Египќаните биле решени да ги пљачкосаат и уништат, но поради облакот биле спречени (2. Мојсеева 15:9). Кога тој се кренал, какво чудо! Водите на Црвеното Море биле разделени, а Израелците поминувале преку него по сува земја на другата страна! Фараонот и неговата војска јурнале преку морското дно, решени да ги заробат и пљачкосаат своите поранешни робови. Меѓутоа, египетскиот вообразен владетел не сметал на Богот на Евреите. Јехова ги довел Египќаните во забуна, бидејќи им ги извадил тркалата на колите (2. Мојсеева 14:21-25а).

„Да бегаме од Израелците“, повикале египетските моќници, „зашто Господ [Јехова, NW] се бие за нив против Египтјаните!“ Фараонот и неговите луѓе го сфатиле тоа предоцна. Безбеден на другиот брег, Мојсеј ја испружил раката кон морето и водата се повратила и ги убила фараонот и неговата војска (2. Мојсеева 14:25б-28).

Лекција научена од искуство

Кој е, значи, Јехова? Горделивиот фараон добил одговор на тоа прашање. Настаните во Египет покажале дека Јехова е единствениот вистински Бог, сосема поинаков од „безвредните богови“ на народите (Псалам 96:4, 5, NW). Со својата огромна моќ, Јехова ‚го создал небото и земјата‘. Тој е и Големиот Ослободител, Оној кој ‚го извел [Својот] народ Израилот од земјата Египетска со знаци и чудеса, со силна рака и крената мишка и со голем страв‘ (Јеремија 32:17-21). Колку само ова докажува дека Јехова може да го заштити својот народ!

Фараонот овие лекции ги научил преку горко искуство. Всушност, последната лекција го чинела самиот живот (Псалми 135:1, 15). Би бил далеку помудар кога би покажал понизност кога прашал „Кој е Јехова?“, а потоа да постапел според одговорот што го добил. За среќа, многу понизни луѓе во светот денес учат кој е Јехова. И каква личност е тој? Што бара тој од нас? Нека следната статија го зголеми твоето ценење за Оној чие име е Јехова (Псалми 83:18, NW).

[Извор на слика на страница 3]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели