ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 31
  • Мојсеј и Арон одат кај фараонот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мојсеј и Арон одат кај фараонот
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Првите три неволји
    Поуки од Библијата
  • Мојсеј и Арон — храбри објавители на Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Следните шест неволји
    Поуки од Библијата
  • Кој е Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 31

Приказна 31

Мојсеј и Арон одат кај фараонот

КОГА се вратил во Египет, Мојсеј му кажал на својот брат Арон сѐ за чудата. А кога Мојсеј и Арон им ги покажале овие чуда на Израелците, сиот народ поверувал дека Јехова е со нив.

Потоа Мојсеј и Арон отишле кај фараонот. Тие му рекле: ‚Јехова, Богот на Израел, вели: „Пушти го мојот народ за три дена, за да ми оддаде чест во пустината!“‘ Но, фараонот им одговорил: ‚Јас не верувам во Јехова. И нема да го пуштам Израел!‘

Фараонот бил лут поради тоа што народот сакал да биде ослободен од работа за да му оддаде чест на Јехова. Затоа ги присилил да работат уште повеќе. Израелците го обвинувале Мојсеј поради тоа што лошо се постапувало со нив, и Мојсеј бил тажен. Но Јехова му рекол да не се грижи. ‚Јас ќе направам фараонот да го пушти мојот народ‘, рекол Јехова.

Мојсеј и Арон повторно отишле кај фараонот. Овој пат направиле чудо. Арон го фрлил на земја својот стап, и тој станал голема змија. Арно ама и мудреците на фараонот фрлиле стапови, кои се претвориле во змии. Но, гледај! Змијата на Арон ги изела змиите на мудреците. Сепак, фараонот не сакал да ги пушти Израелците.

Така дошло времето Јехова да му одржи една лекција на фараонот. Знаеш ли како го направил тоа? Му нанел на Египет 10 неволји, односно големи несреќи.

По повеќето од тие неволји, фараонот го повикувал Мојсеј и му велел: ‚Запри ја неволјата, па ќе го пуштам Израел‘. Но, кога неволјата ќе престанела, фараонот го менувал своето мислење, и не го пуштал народот. Но на крајот, по 10-тата неволја, фараонот сепак ги пуштил Израелците.

Ги знаеш ли сите тие 10 неволји? Сврти на следната страница, па ќе научиме нешто за нив.

2. Мојсеева 4:27-31; 5:1-23; 6:1-13, 26-30; 7:1-13.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели