ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 19 стр. 50-стр. 51 пас. 2
  • Првите три неволји

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Првите три неволји
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Мојсеј и Арон одат кај фараонот
    Мојата книга со библиски приказни
  • Следните шест неволји
    Поуки од Библијата
  • Кој е Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Мојсеј и Арон — храбри објавители на Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 19 стр. 50-стр. 51 пас. 2
Мојсеј и Арон стојат пред фараонот

ПОГЛАВЈЕ 19

Првите три неволји

Израелците биле робови и морале напорно да работат. Јехова ги испратил Мојсеј и Арон кај фараонот за да му кажат: „Пушти го мојот народ да оди во пустината за да ми принесе жртва“. Фараонот горделиво рекол: „Што ми е гајле што вели Јехова! Нема да ги пуштам Израелците“. Тогаш фараонот му дал уште потешка работа на народот. Дошло време Јехова да му одржи лекција на фараонот. Знаеш ли како го направил тоа? Му нанел на Египет десет неволји. Јехова му рекол на Мојсеј: „Фараонот не ме послуша. Утре, рано наутро, тој ќе биде кај реката Нил. Оди кај него и речи му дека целата вода од реката ќе се претвори во крв бидејќи не го пушти мојот народ“. Мојсеј послушно отишол кај фараонот. Пред очите на фараонот, Арон удрил по реката со својот стап, и целата вода се претворила во крв. Реката засмрдела, рибите во неа умреле и водата повеќе не била за пиење. Но, фараонот сепак не ги пуштил Израелците.

По седум дена, Јехова повторно го испратил Мојсеј кај фараонот да му рече: „Ако не го ослободиш мојот народ, во Египет ќе пуштам многу жаби“. Бидејќи фараонот не го ослободил народот, Арон го подигнал стапот, и насекаде почнале да скокаат жаби — во куќите на луѓето, во нивните кревети и во нивните садови. Било преполно со жаби! Фараонот му рекол на Мојсеј да го моли Јехова да ја запре оваа неволја и ветил дека ќе ги пушти Израелците да заминат. Така Јехова ја прекинал неволјата, а Египќаните почнале да ги собираат мртвите жаби на купови. Во земјата се раширила неподнослива смрдеа. И покрај тоа, фараонот не го пуштил народот.

Потоа Јехова му рекол на Мојсеј: „Арон нека удри со стапот по земјата, и правот ќе се претвори во комарци“. Одеднаш, насекаде се разлетале комарци. Некои од слугите му рекле на фараонот: „Неволјата е од Бог“. Но, фараонот и овојпат не сакал да ги пушти Израелците.

Првите три од десетте неволји што го снашле Египет: крв во реката Нил, жаби и комарци

„Ќе им дозволам да ги запознаат... мојата рака и мојата моќ, па ќе знаат дека моето име е Јехова“ (Еремија 16:21)

Прашања: Кои биле првите три неволји? Зошто Јехова ги нанел тие неволји?

2. Мојсеева 5:1-18; 7:8 — 8:19; Неемија 9:9, 10

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели