ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 34
  • Нов вид храна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нов вид храна
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Да извлечеме корист од ‚небесниот леб‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Бакарната змија
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 34

Приказна 34

Нов вид храна

ЗНАЕШ ЛИ што собираат луѓето од земјата? Изгледа како слана. Бело е и фино и личи на снегулки. Но не е слана, туку нешто за јадење.

Не поминал ни цел месец откако Израелците излегле од Египет и дошле во пустината. Во пустината немало многу храна, па затоа луѓето се жалеле: ‚Подобро Јехова да нѐ убиеше во Египет! Таму барем имавме храна колку што сакавме!‘

Затоа Јехова им рекол: ‚Ќе пуштам да ви паѓа храна од небото‘. И токму тоа го направил. Следното утро, кога го виделе тоа бело нешто кое паднало од небото, почнале да се прашуваат еден со друг: ‚Што е ова?‘

Мојсеј рекол: ‚Ова е храната што ви ја дава Јехова за да јадете‘. И луѓето ја нарекле МАНА. Таа имала вкус на тенки медени колачиња.

‚Треба да собирате онолку колку што може да изеде секој од вас‘, му рекол Мојсеј на народот. Затоа, секое утро собирале колку што им требало. Подоцна, кога сонцето ќе почнело да пече, преостанатата мана се топела.

Мојсеј, исто така рекол: ‚Никој не треба да чува од маната за следниот ден‘. Но некои не го послушале. Знаеш ли што се случило? Следното утро, маната што ја зачувале била полна со црви и почнала да смрди.

Меѓутоа, за еден ден од седмицата Јехова му рекол на својот народ да собере двапати повеќе мана. Тоа бил шестиот ден. И Јехова им рекол да зачуваат од неа за следниот ден, бидејќи тој не пуштал да паѓа мана на седмиот ден. Кога ја чувале маната за седмиот ден, таа не црвосувала и не засмрдувала. Тоа било уште едно чудо.

Сите тие години додека Израелците биле во пустината, Јехова ги хранел со мана.

2. Мојсеева 16:1-36; 4. Мојсеева 11:7-9; Исус Навин 5:10-12.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели