ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 35
  • Јехова ги дава своите закони

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова ги дава своите закони
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Израелците му дале ветување на Јехова
    Поуки од Библијата
  • Да ги запознаеме Јеховините патишта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Грмушка во пламен
    Мојата книга со библиски приказни
  • Дали важат за нас Десетте заповеди?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 35

Приказна 35

Јехова ги дава своите закони

ОКОЛУ два месеца откако го напуштиле Египет, Израелците дошле до планината Синај, која исто така се вика и Хорив. На истото место Јехова зборувал со Мојсеј од грмушката што горела. Таму народот се улогорил и останал некое време.

Народот останал да чека во подножјето, а Мојсеј се качил на планината. Таму горе, на врвот од планината, Јехова му рекол на Мојсеј дека сака Израелците да го слушаат Него и да станат Негов посебен народ. Кога слегол од планината, Мојсеј им кажал на Израелците што рекол Јехова. А тие рекле дека ќе го слушаат Јехова, бидејќи сакале да бидат негов народ.

Тогаш Јехова направил нешто необично. Предизвикал да излегува чад од врвот на планината и пуштил силни грмежи. Тој, исто така, зборувал со народот и рекол: ‚Јас сум Јехова, твојот Бог, кој те изведе од Египет‘. Потоа заповедал: ‚Не смееш да почитуваш други богови, освен мене‘.

Бог им дал на Израелците уште девет заповеди, односно закони. Народот многу се исплашил. Тие му рекле на Мојсеј: ‚Зборувај ни ти, зашто се плашиме дека ќе умреме ако со нас зборува Бог‘.

Подоцна, Јехова му рекол на Мојсеј: ‚Качи се кај мене на планината. Ќе ти дадам две камени плочи на кои ги испишав законите што сакам народот да ги држи‘. Затоа Мојсеј повторно се качил на планината. Таму останал 40 дена и 40 ноќи.

Бог имал многу, многу закони за својот народ. Мојсеј ги запишал сите нив. Бог му ги дал на Мојсеј и двете камени плочи. На нив, Бог лично ги запишал 10-те закони кои Мојсеј му ги пренел на целиот народ. Тие се наречени Десетте заповеди.

Десетте заповеди биле важни закони. Но важни биле и многуте други закони што Бог им ги дал на Израелците. Еден од тие закони гласи: ‚Сакај го Јехова, својот Бог, со сето срце, со сиот ум, со сета душа и со сета сила‘. А друг закон вели: ‚Сакај го својот ближен како себеси‘. Божјиот Син, Исус Христос, рекол дека тоа се најголемите закони што Јехова му ги дал на својот народ Израел. Подоцна ќе научиме многу за Божјиот Син и за неговите учења.

2. Мојсеева 19:1-25; 20:1-21; 24:12-18; 31:18; 5. Мојсеева 6:4-6; 3. Мојсеева 19:18; Матеј 22:36-40.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели