ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 24 стр. 203-207
  • Дали важат за нас Десетте заповеди?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали важат за нас Десетте заповеди?
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДАДЕН НА ИЗРАЕЛ ЗА ПОСЕБНА ЦЕЛ
  • ”ХРИСТОС Е ЗАВРШЕТОК НА ЗАКОНОТ“
  • ЗАКОНИ КОИ ВАЖАТ ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ
  • Законот на Христа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Законот пред Христа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Закон на љубовта напишан во срцата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • „Јеховиниот закон е совршен“
    Приближи му се на Јехова
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 24 стр. 203-207

24. поглавје

Дали важат за нас Десетте заповеди?

1. Кој закон му го објавил Мојсеј на народот?

КОИ закони Јехова Бог бара од нас да ги слушаме? Дали мораме да се придржуваме на она што Библијата го нарекува ”Мојсеев закон“ или понекогаш едноставно наречен ”Законот“? (1. Царевите 2:3; Тит 3:9). Тој уште се вика и ”Јеховин закон“, бидејќи потекнува од него (1. Дневници 16:40). Мојсеј само му го објавил Законот на народот.

2. Од што се состоел тој Закон?

2 Мојсеевиот закон се состои од над 600 поединечни закони или заповеди, вклучувајќи ги и десетте главни заповеди. Мојсеј рекол: ”И [Јехова] ви заповеда да ги држите десетте заповеди и ги напиша на две камени плочи“ (5. Мојсеева 4:13; 2. Мојсеева 31:18). Но, кому му го дал Јехова Законот заедно со Десетте заповеди? Дали го дал за целото човештво? Во што се состоела целта на Законот?

ДАДЕН НА ИЗРАЕЛ ЗА ПОСЕБНА ЦЕЛ

3. Како знаеме дека Законот им бил даден само на Израелците?

3 Законот не бил даден за целото човештво. Јехова склопил сојуз, односно договор, со потомците на Јаков кои станале нација Израел. Јехова ги дал законите само за тој народ. Во Библијата тоа јасно доаѓа до израз во 5. Мојсеева 5:1–3 и во Псалми 147:19, 20.

4. Зошто му бил даден Законот на Израелскиот народ?

4 Апостол Павле го поставил прашањето: ”Зошто е тогаш Законот?“ Да, со која цел Јехова му го дал Законот на Израел? Павле одговорил: ”За да го направи престапот видлив, додека не дојде семето за кое беше дадено ветувањето (...) Според тоа, ’Законот‘ станал наш воспитувач [или учител] кој води до Христос“ (Галатјаните 3:19–24, NW). Посебната цел на Законот била да го штити и води израелскиот народ за да биде спремен да го прифати Христос кога тој ќе дојде. Многубројните жртви, коишто ги барал Законот, ги потсетувале Израелците дека се грешници, на кои им е потребен Спасител (Евреите 10:1–4).

”ХРИСТОС Е ЗАВРШЕТОК НА ЗАКОНОТ“

5. Што се случило со Законот откако Христос дошол и умрел за нас?

5 Секако дека Исус Христос бил тој ветен Спасител, како што тоа го најавил ангелот уште при неговото раѓање (Лука 2:8–14). Што се случило со Законот откако дошол Христос и го жртвувал својот совршен живот? Бил отстранет. ”Повеќе не сме под воспитувач“, објаснил Павле (Галатјаните 3:25, NW). Отстранувањето на Законот за Израелците било олеснување. Законот ги разоткривал како грешници, бидејќи никој од нив не можел потполно да го држи. ”Христос нѐ искупи од клетвата на Законот“, објаснил Павле (Галатјаните 3:10–14, ББД). Затоа во Библијата пишува: ”Бидејќи Христос е свршеток на Законот“ (Римјаните 10:4; 6:14, ББД).

6. (а) Како влијаело на Израелците и на не-Израелците укинувањето на Законот, и зошто? (б) Кои мерки ги презел Јехова во однос на Законот?

6 Законот навистина служел како бариера или ”преграден ѕид“ меѓу Израелците и другите народи кои не биле под Законот. Но, со тоа што го жртвувал својот живот, Христос го ”уништил Законот на заповедите со неговите одредби, за да од двата народа (Израелци и не-Израелци) создаде, во себе, еден нов човек“ (Ефесјаните 2:11–18, Ст). За мерките коишто Јехова Бог ги презел во однос на Мојсеевиот закон, читаме: ”Тој ни ги простил сите наши престапи и го избришал сведоштвото напишано со рака кое гласеше против нас, кое се состоеше од одредби (вклучувајќи ги и Десетте заповеди) и беше против нас [бидејќи ги осудувала Израелците како грешници]; и Тој го тргнал од патот, така што беше приковано на столбот“ (Колосјаните 2:13, 14, NW). Значи, преку совршената жртва на Христос, Законот бил завршен.

7, 8. Што докажува дека Законот не е поделен на два дела?

7 Меѓутоа, некои тврдат дека Законот се состои од два дела: Десетте заповеди и другите закони. Другите закони, велат тие, се укинати, а Десетте заповеди важат и натаму. Но, тоа не е точно. Во Проповедта на гората Исус цитирал од Десетте заповеди и од другите делови на Законот и притоа не правел никаква разлика. На тој начин покажал дека Мојсеевиот закон не е поделен на два дела (Матеј 5:21–42).

8 Забележи што напишал и апостол Павле под инспирација: ”А сега сме ослободени од ’Законот‘“. Дали Евреите биле ослободени само од другите, а не и од Десетте заповеди? Не, зашто Павле натаму вели: ”Но јас гревот го познав преку законот; зашто не би знаел за желба, ако законот не кажеше: ’Не посакувај‘“ (Римјаните 7:6, 7, д-р Чарниќ; 2. Мојсеева 20:17). Заповедта: ”Не посакувај“ е последната од Десетте заповеди и, според тоа, Израелците биле ослободени од Десетте заповеди.

9. Што покажува дека е укинат и Законот за држење на седичниот сабат?

9 Дали тоа значи дека е укинат и законот за држење на седмичниот сабат, која е четврта од Десетте заповеди? Да. Она што го читаме во Библијата во Галатјаните 4:8–11 и Колосјаните 2:16, 17 јасно кажува дека христијаните не се под Божјиот закон којшто Бог им го дал на Израелците, заедно со одредбите за држење на седмичниот сабат и други посебни денови во годината. Дека христијаните не мораат да го држат седмичниот сабат, може да се види и од Римјаните 14:5.

ЗАКОНИ КОИ ВАЖАТ ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ

10. (а) Кои закони важат за христијаните? (б) Од каде биле преземени многу од тие закони, и зошто е разумно дека се преземени оттаму?

10 Дали тоа значи дека христијаните воопшто не мораат да следат никакви закони затоа што не стојат под Десетте заповеди? Никако не. Исус го вовел ”Новиот сојуз“ кој се темелел на подобра жртва, имено, на жртвата на неговиот сопствен совршен човечки живот. Христијаните доаѓаат под тој нов сојуз и стојат под христијанските закони (Евреите 8:7–13; Лука 22:20). Многу од тие закони се преземени од Мојсеевиот закон. Тоа не е ништо необично. Често се случува истото кога во некоја земја на власт ќе дојде нова влада. Уставот што важел за време на старата влада може да биде укинат и сменет, но во новиот устав може да се внесат многу начела од стариот устав. На сличен начин бил укинат сојузот на Законот, но многу негови основни закони и начела биле прифатени во христијанството.

11. Кои закони или науки, коишто им се дадени на христијаните имаат голема сличност со Десетте заповеди?

11 До тој заклучок ќе дојдеш ако ги прочиташ Десетте заповеди отпечатени на 203. страница и ако ги споредиш со следните христијански закони и науки: ”Јехова е твојот Бог кого мораш да го обожаваш“ (Матеј 4:10, NW; 1. Коринтјаните 10:20–22). ”Чувајте се од идоли“ (1. Јованово 5:21, NW; 1. Коринтјаните 10:14). ”Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое [а не да се употребува на недостоен начин]“ (Матеј 6:9, ББД). ’Деца, бидете им послушни на своите родители‘ (Ефесјаните 6:1, 2, ББД). Освен тоа, Библијата јасно покажува дека убиството, браколомството, кражбата, лагата и алчноста се против Божјите закони кои важат за христијаните (Откровение 21:8; 1. Јованово 3:15; Евреите 13:4; 1. Солунјаните 4:3–7; Ефесјаните 4:25, 28; 1. Коринтјаните 6:9–11; Лука 12:15; Колосјаните 3:5).

12. Како начелото од Законот за сабатот било преземено во христијанското уредување?

12 Иако христијаните не се должни да го држат седмичниот сабат, сепак ние учиме нешто од таа уредба. Израелците мирувале во дословна смисла, а христијаните мируваат во духовна смисла. Како го прават тоа? На темел на верата и послушноста, вистинските христијани се откажуваат од себични постапки. Во тие себични постапки спаѓаат и настојувањата да се постигне своја правда (Евреите 4:10). Тоа духовно мирување не се држи само еден ден во седмицата, туку сите седум дена. Бидејќи Законот за сабатот барал да се резервира еден ден во седмицата за духовни интереси, им служел како заштита на Израелците да не го трошат сето свое време за барање на лични, материјалистички користи. Секојдневната примена на тоа начело на духовното подрачје е уште поголема заштита од материјализмот.

13. (а) Кој закон треба да го исполнуваат христијаните, и како го исполнуваат? (б) Кој закон Исус го истакнал? (в) Кој закон е основата на целиот Мојсеев закон?

13 Христијаните се поттикнати да го ’исполнуваат Христовиот закон‘, а не Десетте заповеди (Галатјаните 6:2, ББД). Исус дал многу заповеди и упатства, и ако ги слушаме, ќе се придржуваме на неговиот закон односно ќе го исполнуваме. Исус посебно го нагласил значењето на љубовта (Матеј 22:36–40; Јован 13:34, 35). Да, да се сакаат другите е христијански закон. Тој е основата на целиот Мојсеев закон, бидејќи во Библијата пишува: ”Оти, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе‘“ (Галатјаните 5:13, 14, ББД; Римјаните 13:8–10).

14. (а) Каков добар резултат ќе го постигнеме ако ги проучуваме и ги применуваме начелата од Мојсеевиот закон? (б) На што ќе нѐ наведе љубовта?

14 Тој закон даден преку Мојсеј со своите Десет заповеди бил праведна збирка на Божјите закони. Па, иако ние денес повеќе не сме под тој закон, за нас сѐ уште се од голема вредност божествените темелни начела кои се наоѓаат во него. Ако го проучуваме и применуваме, ќе се зголеми нашето ценење за големиот Законодавец Јехова Бог. Но, особено треба да ги проучуваме христијанските закони и да ги применуваме во својот живот. Љубовта спрема Јехова ќе нѐ наведе да го правиме она што тој сега го бара од нас (1. Јованово 5:3).

[Рамка на страница 203]

ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ

1. Јас сум Јахве, Богот твој, (...) Немој да имаш други богови покрај мене.

2. Не гради си резбан лик ниту обличје ниту што и да било што е горе на небото, или долу на земјата, или во водата под земјата. Не клањај им се ниту им служи. (...)

3. Не земај го залудно името Јахве, Богот твој (...)

4. Сети се да го празнуваш денот саботен. Шест дена работи и врши ја сета своја работа. А седмиот ден е сабота, посветен на Јахве, Богот твој. Тогаш немој да работиш никаква работа: ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка (...)

5. Почитувај го својот татко и својата мајка, за да имаш долг живот на земјата која ти ја дава Јахве, Богот твој.

6. Не убиј!

7. Не прави прељуба!

8. Не укради!

9. Не сведочи лажно на ближниот свој!

10. Не посакувај ја куќата од ближниот свој, не посакувај ја жената од ближниот свој, ниту слугата негов, ниту слугинката негова, ниту волот негов, ниту магарето негово, ниту што и да било кое му припаѓа на ближниот твој!“ (2. Мојсеева 20:2–17, Ст).

[Слики на страници 204 и 205]

Законот служел како ѕид помеѓу Израелците и другите народи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели