ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 48
  • Мудрите Гаваонци

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мудрите Гаваонци
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Исус Навин и Гаваонците
    Поуки од Библијата
  • Поуки од извештајот со Гаваонците
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Сонцето застанува
    Мојата книга со библиски приказни
  • Прашања од читателите
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 48

Приказна 48

Мудрите Гаваонци

МНОГУ градови во Ханаан се спремиле да се борат против Израелците. Мислеле дека можат да ги победат. Но жителите на градот Гаваон, кој се наоѓал во близината, не мислеле така. Тие верувале дека Бог им помагал на Израелците, па не сакале да се борат против Него. Знаеш ли што направиле Гаваонците?

Решиле да се преправаат дека живеат на некое многу далечно место. Затоа неколку мажи облекле парталави алишта и износени сандали. На своите магариња натовариле стари вреќи и зеле бајат, сув леб. Тогаш дошле кај Исус Навин и му рекле: ‚Доаѓаме од една многу далечна земја, зашто чувме за вашиот славен Бог Јехова. Чувме за сите работи што ги направил за вас во Египет. Затоа нашите водачи ни рекоа да земеме храна и да се подготвиме за на пат, па да дојдеме и да ви кажеме: „Ваши слуги сме. Ветете ни дека нема да водите војна со нас“. Сами гледате дека алиштата што ги носиме ни остарија од долгиот пат, а лебот што го понесовме стана бајат и се исуши‘.

Исус Навин и другите водачи им поверувале на Гаваонците. Затоа им ветиле дека нема да се борат со нив. Но, по три дена откриле дека Гаваонците, всушност, живееле во близина.

‚Зошто ни рековте дека доаѓате од далечна земја?‘ — ги прашал Исус Навин.

А Гаваонците му одговориле: ‚Го сторивме тоа затоа што дознавме дека вашиот Бог Јехова ви ветил дека ќе ви ја даде целата ханаанска земја. Затоа се исплашивме дека ќе нѐ убиете‘. Но, Израелците го исполниле своето ветување, и не ги убиле Гаваонците. Наместо тоа, ги зеле за свои слуги.

Царот на Ерусалим се налутил што Гаваонците склучиле мир со Израелците. Затоа им рекол на четири други цареви: ‚Дојдете и помогнете ми да се борам против Гаваон‘. И токму тоа го направиле тие пет цареви. Дали било мудро што Гаваонците склучиле мир со Израелците и ги навеле овие цареви да се борат против нив? Одговорот ќе го добиеме во следната приказна.

Исус Навин 9:1-27; 10:1-5.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели