ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 49
  • Сонцето застанува

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сонцето застанува
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Исус Навин и Гаваонците
    Поуки од Библијата
  • Она на што се сеќавал Исус Навин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Тој сака да бидеме успешни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Врвни точки од книгата Исус Навин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 49

Приказна 49

Сонцето застанува

ВИДИ ГО Исус Навин. Тој викнал: ‚Сонце, застани!‘ И сонцето застанало среде небото. Таму останало цел ден. Тоа го направил Јехова! Но да видиме зошто Исус Навин сакал сонцето да продолжи да свети.

Кога петте лоши цареви од ханаанската земја почнале да се борат против Гаваонците, тие испратиле еден човек кај Исус Навин да го замоли да им помогне. ‚Дојди кај нас брзо!‘ — му рекол тој. ‚Спаси нѐ! Сите цареви што живеат во планините се собраа за да се борат против твоите слуги!‘

Исус Навин и сите негови борци веднаш тргнале. Тие пешачеле цела ноќ. Кога дошле во Гаваон, војниците на петте цареви се исплашиле и почнале да бегаат. Тогаш Јехова пуштил од небото голем град, па повеќе војници умреле од градот отколку од мечот на воините на Исус Навин.

Исус Навин видел дека сонцето било на заоѓање. По кратко време би било темно, и многу војници на петте лоши цареви би побегнале. Затоа Исус Навин му се помолил на Јехова, а потоа рекол: ‚Сонце, застани!‘ Додека сонцето светело, Израелците успеале да победат во битката.

Во Ханаан имало и многу други лоши цареви кои го мразеле Божјиот народ. На Исус Навин и на неговата војска им биле потребни околу шест години за да победат 31 цар во земјата. Кога завршиле со борбата, Исус Навин им ја поделил ханаанската земја на тие племиња што уште не добиле земјиште.

Поминале многу години. Исус Навин умрел кога имал 110 години. Додека биле живи тој и неговите пријатели, народот му бил послушен на Јехова. Но кога тие добри луѓе умреле, народот почнал да прави лоши работи и имал проблеми. Тогаш навистина им била потребна Божјата помош.

Исус Навин 10:6-15; 12:7-24; 14:1-5; Судиите 2:8-13.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели