ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/12 стр. 17
  • Тој сака да бидеме успешни

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тој сака да бидеме успешни
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Она на што се сеќавал Исус Навин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Врвни точки од книгата Исус Навин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Оној што ги исполнува ветувањата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сонцето застанува
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/12 стр. 17

Приближи му се на Бог

Тој сака да бидеме успешни

Исус Навин 1:6-9

ГРИЖЛИВИТЕ родители многу сакаат нивните деца да бидат успешни, да имаат смисловен и исполнет живот. И Јехова, нашиот небесен Татко, сака неговите деца на Земјата да бидат успешни. Како израз на својата нежна грижа, тој ни кажува како да успееме. На пример, размисли за зборовите што му ги кажал на Исус Навин, запишани во Исус Навин 1:6-9.

Замисли си ја сцената прикажана десно. По смртта на Мојсеј, Исус Навин станал новиот водач на милионскиот израелски народ. Израелците се подготвувале да влезат во земјата што Бог им ја ветил на нивните прататковци. Бог му дал некои совети на Исус Навин. Ако ги следел, ќе бил успешен. Но, овие совети не биле корисни само за Исус Навин. Ако ги примениме, и ние ќе бидеме успешни (Римјаните 15:4).

Јехова му рекол на Исус Навин да биде храбар и силен — и тоа не му го кажал само еднаш туку трипати (стихови 6, 7, 9). Секако дека на Исус Навин му требале храброст и сила за да го одведе успешно народот во Ветената земја. Но, како можел да ги стекне овие благородни особини?

Тој можел да црпи храброст и сила од вдахновените списи. „Да го правиш совесно сето она што ти е заповедано во законот што ти го даде мојот слуга Мојсеј“, рекол Јехова (стих 7). Во тоа време, Исус Навин веројатно имал само неколку библиски книги во пишан облик.a Меѓутоа, самото тоа што ја поседувал Божјата реч не било гаранција за успех. За да извлече корист од неа, Исус Навин требало да направи две работи.

Прво, морал редовно да си го полни срцето со Божјата реч. Јехова рекол: „Со придушен глас читај ја дење и ноќе“ (стих 8, фуснота). Во еден речник стои: „Бог му заповедал на Исус Навин да го запомни Неговиот Закон ‚кажувајќи си го‘ во себе или ‚размислувајќи‘ за него“. Секојдневното читање на Божјата реч и размислувањето за неа ќе му помогнело на Исус Навин да се справи со предизвиците што му претстоеле.

Второ, Исус Навин требало да го применува она што го учел од Божјата реч. Јехова му рекол: „Да го правиш совесно сето она што е запишано во неа, зашто тогаш ќе бидеш успешен на својот пат“ (стих 8). Неговиот успех зависел од тоа дали ја вршел Божјата волја. А зар би можело да биде поинаку? Божјата волја секогаш успешно се исполнува (Исаија 55:10, 11).

Исус Навин го применил Јеховиниот совет. Затоа имал смисловен и исполнет живот како верен Божји слуга (Исус Навин 23:14; 24:15).

Сакаш ли и ти да водиш исполнет живот како Исус Навин? Јехова сака да бидеш успешен. Но, не е доволно само да ја поседуваш неговата Реч, Библијата. Еден христијанин кој долги години верно му служел на Бог, го дал следниов совет: „Извадете ја Библијата од отпечатената страница и ставете ја во своето срце“. Ако редовно го полниш срцето со Божјата реч и го применуваш во животот она што го учиш од неа, тогаш и ти, исто како Исус Навин, „ќе бидеш успешен на својот пат“.

[Фуснота]

a Вдахновените списи што ги имал Исус Навин веројатно биле петте Мојсееви книги, книгата за Јов и еден или два псалма.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели