ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 50
  • Две храбри жени

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Две храбри жени
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Нов водач и две храбри жени
    Поуки од Библијата
  • „Станав како мајка во Израел“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Со Вера, Варак поразил една моќна војска
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Слави го Јехова со својот спремен дух!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 50

Приказна 50

Две храбри жени

КОГА Израелците ќе упаднеле во неволја, барале помош од Јехова. Јехова им одговарал така што им давал храбри водачи за да им помогнат. Тие водачи Библијата ги нарекува судии. Првиот судија бил Исус Навин, а некои од судиите што се појавиле подоцна се викале Готонил, Ехуд и Самегар. Но меѓу луѓето што им помогнале на Израелците биле и две жени, кои се викале Девора и Јаила.

Девора била пророчица. Јехова ѝ давал информации за иднината, а таа му кажувала на народот што ѝ рекол Јехова. Девора била и судија. Таа седела под една палма во планините, а луѓето доаѓале кај неа за да им помогне да ги решат своите проблеми.

Во тоа време, Јавин бил цар на Ханаан. Тој имал 900 бојни коли. Неговата војска била толку силна што многу Израелци биле присилени да му станат слуги на Јавин. Заповедникот на војската на царот Јавин се викал Сисара.

Еден ден, Девора испратила луѓе кај судијата Варак и му порачала: ‚Јехова рече: „Земи 10.000 мажи и одведи ги на планината Тавор. Ќе го доведам Сисара во долината што е под планината. И ќе ти помогнам да го победиш него со неговата војска“‘.

Варак ѝ одговорил на Девора: ‚Ќе одам само ако дојдеш со мене и ти‘. Девора отишла со него, но му рекла на Варак: ‚Ти нема да ја добиеш заслугата за победата, зашто Јехова ќе го предаде Сисара во рацете на една жена‘. И токму тоа се случило.

Варак слегол од планината Тавор за да се судри со војниците на Сисара. Наеднаш, Јехова предизвикал поплава, и многу непријателски војници се удавиле. Но Сисара се качил на својата кола и побегнал.

По некое време, Сисара дошол во шаторот на Јаила. Таа го поканила да влезе внатре и му дала да пие млеко. Од тоа му се приспало, и наскоро цврсто заспал. Тогаш Јаила зела еден шаторски клин и го забила во главата на тој лош човек. Подоцна, кога дошол Варак, таа му го покажала мртвиот Сисара. Како што гледаш, се исполнило она што го кажала Девора.

На крајот бил убиен и царот Јавин, а Израелците повторно имале мир за некое време.

Судиите 2:14-22; 4:1-24; 5:1-31.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели