ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 32 стр. 80-стр. 81 пас. 2
  • Нов водач и две храбри жени

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нов водач и две храбри жени
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Со Вера, Варак поразил една моќна војска
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Две храбри жени
    Мојата книга со библиски приказни
  • „Станав како мајка во Израел“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Слави го Јехова со својот спремен дух!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Поуки од Библијата
lfb погл. 32 стр. 80-стр. 81 пас. 2
Варак ја повикува Девора да дојде со него

ПОГЛАВЈЕ 32

Нов водач и две храбри жени

Исус Навин починал на 110 години, откако долго време го водел Јеховиниот народ. Сѐ додека бил жив, Израелците верно му служеле на Јехова. Но по неговата смрт, почнале да им служат на идоли исто како што правеле Ханаанците. Бидејќи Израелците не му биле послушни на Јехова, тој дозволил еден ханаански цар, кој се викал Јавин, да им прави многу лоши работи. Луѓето го молеле Јехова да им помогне. Јехова ги слушнал нивните молитви и им дал нов водач по име Варак. Тој требало да му помогне на народот повторно да почне да му служи на вистинскиот Бог.

Еден ден, пророчицата Девора го викнала Варак. Таа требало да му пренесе важна порака од Јехова. Пораката гласела: „Земи 10.000 луѓе и пресретни ја војската на Јавин кај потокот Кисон. Таму ќе го победиш Сисара, заповедникот на војската на Јавин“. Варак ѝ рекол на Девора: „Ќе одам само ако и ти дојдеш со мене“. Таа му одговорила: „Ќе дојдам. Само да знаеш, нема ти да го убиеш Сисара. Јехова ми откри дека ќе го убие една жена“.

Девора отишла со Варак и со неговата војска на планината Тавор за да се подготват за битка. Штом Сисара дознал за тоа, во долината ги собрал своите луѓе и воените коли. Девора му рекла на Варак: „Денес Јехова ќе ти даде победа!“ Варак, заедно со своите 10.000 луѓе, се спуштил од планината за да се судри со моќната војска на Сисара.

Тогаш Јехова предизвикал потокот Кисон да ја поплави долината. Тоа место станало толку калливо што воените коли на Сисара се заглавиле. Кога го видел тоа, Сисара излегол од неговата кола и почнал да бега толку брзо колку што го држеле нозете. Варак и неговата војска успеале да ја победат војската на Сисара, но Сисара им побегнал. Тој се скрил во шаторот на една жена по име Јаила. Таа му дала да пие млеко, па го покрила со ќебе. Царот бил многу уморен и веднаш заспал. Потоа Јаила тивко дошла до него и го убила со шаторски клин.

Варак и Девора го слават Јехова со песна

Варак тргнал да го бара Сисара. Јаила излегла од шаторот и рекла: „Влези. Човекот што го бараш е кај мене“. Кога Варак влегол внатре, го видел Сисара како лежи мртов на земјата. Потоа, Варак и Девора го фалеле Јехова пеејќи му песна за тоа што им помогнал на Израелците да ги победат своите непријатели. По оваа случка, во Израел имало мир цели 40 години.

„Жените што ја објавуваат добрата вест се голема војска“ (Псалм 68:11)

Прашања: Како Девора им помогнала на Израелците? Што направила Јаила?

Судиите 4:1 — 5:31

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели