ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 53
  • Ветувањето на Јефтај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ветувањето на Јефтај
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Таа ги израдувала Јехова и татко ѝ
    Поучете ги своите деца
  • Им била мила и на Бог и на пријателките
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Ветувањето на Јефтај
    Поуки од Библијата
  • Бог ги благословува оние што му се верни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 53

Приказна 53

Ветувањето на Јефтај

ДАЛИ некогаш си ветил нешто, а потоа ти било тешко да го исполниш ветувањето? Тоа му се случило на човекот на сликата, и затоа бил многу тажен. Тој бил еден храбар судија во Израел и се викал Јефтај.

Јефтај живеел во време кога Израелците престанале да му служат на Јехова и правеле лоши работи. Затоа Јехова им дозволил на Амонците лошо да постапуваат со нив. Поради тоа, Израелците го молеле Јехова: ‚Ти згрешивме. Те молиме, спаси нѐ!‘

Ним им било жал што правеле лоши работи, а тоа го покажале така што пак почнале да му служат на Јехова. Затоа Јехова повторно им помогнал.

Народот го избрал Јефтај за да се бори против лошите Амонци. Јефтај многу сакал Јехова да му помогне во таа борба. Затоа му ветил на Јехова: ‚Ако ми помогнеш да ги победам Амонците, ќе ти го дадам тебе оној што прв ќе излезе од мојата куќа да ме пречека кога ќе се вратам од битката‘.

Јехова го слушнал ветувањето на Јефтај, па му помогнал да победи во битката. Кога Јефтај се вратил дома, знаеш ли кој прв излегол од куќата за да го пречека? Тоа била неговата ќерка, која му била единственото дете. ‚Леле, ќерко моја!‘ — заплакал Јефтај. ‚Многу сум тажен поради тебе. Но му ветив на Јехова, и не можам да го повлечам ветувањето.‘

Кога дознала за неговото ветување, и ќерката на Јефтај отпрво била тажна, бидејќи тоа значело дека ќе мора да ги напушти својот татко и пријателите. Но ќе му служела на Јехова во неговиот свет шатор во Сило до крајот на животот. Затоа му рекла на татко си: ‚Ако си му ветил на Јехова, мора да си го исполниш ветувањето‘.

И така, отишла во Сило, и таму му служела на Јехова во неговиот свет шатор до крајот на својот живот. Секоја година, жените од Израел оделе кај неа во Сило и четири дена делеле со неа многу радосни моменти. Народот ја сакал ќерката на Јефтај бидејќи толку добро му служела на Јехова.

Судиите 10:6-18; 11:1-40.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели