ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • yc тема 4 стр. 10-11
  • Таа ги израдувала Јехова и татко ѝ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Таа ги израдувала Јехова и татко ѝ
  • Поучете ги своите деца
  • Сличен материјал
  • Им била мила и на Бог и на пријателките
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Ветувањето на Јефтај
    Мојата книга со библиски приказни
  • Бог ги благословува оние што му се верни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Ветувањето на Јефтај
    Поуки од Библијата
Повеќе
Поучете ги своите деца
yc тема 4 стр. 10-11
Јефтај со ќерка му кога била мала

ТЕМА 4

Таа ги израдувала Јехова и татко ѝ

Јефтај му се моли на Јехова додека израелската војска се бори со непријателите

Што му ветил Јефтај на Јехова?

Јефтај се враќа од битка и ја прегрнува ќерка му која му излегува во пресрет

Иако не ѝ било лесно, ќерката на Јефтај го исполнила ветувањето на татко ѝ

Ги гледаш ли човекот и девојчето на сликата?— Тоа се Јефтај и неговата ќерка. Библијата не кажува како се викала, но знаеме дека ги израдувала и Јехова и татко ѝ. Ајде да дознаеме нешто за неа и за Јефтај.

Јефтај бил добар човек. Тој многу ѝ раскажувал за Јехова на својата ќерка. Исто така, Јефтај бил силен и храбар јунак. Затоа, Израелците побарале од него да ги води во војна против непријателите.

Јефтај го молел Бог да му помогне да победат. Му ветил на Јехова дека, ако победи, ќе му го даде оној што прв ќе излезе да го пречека од неговиот дом. Тој што ќе излезел прв ќе требало да живее и да служи во Божјиот свет шатор до крајот на животот. Во тоа време, светиот шатор бил местото каде што луѓето оделе да му дадат жртви на Бог. Како завршила битката? Јефтај победил! А знаеш ли кој излегол прв од неговата куќа кога се вратил дома?—

Да, прва излегла ќерка му! Таа му била единствено дете, а сега требало да си замине од дома. Ова многу го растажило Јефтај. Ама, ветување си е ветување. Затоа ќерка му му рекла: ‚Тато, мора да го исполниш тоа што си му го ветил на Јехова‘.

Ќерка му на Јефтај собира дрва за светиот шатор; пријателките доаѓаат да ја видат

Секоја година, пријателките на ќерката на Јефтај оделе да ја видат

И ќерката на Јефтај била тажна. Знаела дека, кога ќе служи во светиот шатор, не ќе може да се омажи и да има деца. Но, многу сакала да го исполни ветувањето на татко ѝ и да го израдува Јехова. Тоа ѝ било многу поважно отколку да се омажи и да има деца. Затоа, си заминала од дома и живеела во светиот шатор до крајот на својот живот.

Што мислиш, дали со тоа ги израдувала Јехова и татко ѝ?— Да, ги израдувала! И ти можеш да бидеш како ќерката на Јефтај ако си послушен и ако го сакаш Јехова. Со тоа ќе ги радуваш и Јехова и мама и тато.

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА:

  • 5. Мојсеева 6:4-6

  • Судиите 11:30-40

  • 1. Коринќаните 7:37, 38

ПРАШАЊА:

  • Кој бил Јефтај? Што му ветил на Јехова?

  • Зошто ќерката на Јефтај била тажна?

  • Што ѝ било најважно на ќерката на Јефтај?

  • Како можеш и ти да бидеш како ќерката на Јефтај?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели