ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 63
  • Мудриот цар Соломон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мудриот цар Соломон
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Мудриот цар Соломон
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Соломон — добар пример или предупредување за нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Храмот на Јехова
    Поуки од Библијата
  • Соломон го гради храмот
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 63

Приказна 63

Мудриот цар Соломон

СОЛОМОН немал ни 20 години кога станал цар. Тој го сакал Јехова и ги следел добрите совети што му ги дал татко му Давид. Јехова бил задоволен со Соломон, па затоа една ноќ го прашал на сон: ‚Соломон, што сакаш да ти дадам?‘

Соломон му одговорил: ‚Јехова, Боже мој, јас сум многу млад и не знам како да владеам. Затоа, дај ми мудрост за да владеам над твојот народ на исправен начин‘.

Јехова бил задоволен со тоа што го побарал Соломон. Затоа му рекол: ‚Бидејќи побара мудрост, а не долг живот или богатство, ќе ти дадам повеќе мудрост отколку на кој и да било друг човек што некогаш живеел. Но ќе ти го дадам и она што не го бараше, и богатство и слава‘.

Кратко време потоа, две жени дошле кај Соломон со еден тежок проблем. ‚Оваа жена и јас живееме во иста куќа‘, објаснила едната од нив. ‚Јас родив машко дете, а два дена подоцна и таа роди машко дете. Една ноќ, нејзиното бебе умрело. Но додека јас сум спиела, таа го ставила покрај мене своето мртво дете и ми го зела моето синче. Кога се разбудив и го погледнав мртвото дете, видов дека не е мое.‘

Но другата жена рекла: ‚Не! Живото дете е мое, а мртвото нејзино!‘ Првата жена одговорила: ‚Не! Мртвото дете е твое, а живото мое!‘ И така, тие се расправале. Што направил Соломон?

Тој побарал да му донесат меч и, кога му го донеле, рекол: ‚Пресечете го живото бебе на две и дајте ѝ на секоја жена по половина од него‘.

‚Не!‘ — писнала вистинската мајка. ‚Ве молам, не убивајте го детето. Дајте ѝ го нејзе!‘ Но, другата жена рекла: ‚Нека не биде ни мое ни твое! Ајде, пресечете го на две‘.

На крајот Соломон рекол: ‚Не убивајте го детето! Дајте ѝ го на првата жена. Таа му е вистинската мајка‘. Соломон го знаел ова бидејќи вистинската мајка толку многу го сакала бебето што била спремна да ѝ го даде на другата жена само за да не биде убиено. Кога народот чул како Соломон го решил проблемот, сите биле задоволни што имале толку мудар цар.

Додека владеел Соломон, Бог го благословувал народот, и така земјата раѓала многу жито и јачмен, грозје и смокви и друга храна. Луѓето носеле убава облека и живееле во убави куќи. Таму за секого имало во изобилство најразлични добри работи.

1. Царевите 3:3-28; 4:25-34.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели