ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 68
  • Две деца кои оживеале

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Две деца кои оживеале
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Пример за самопожртвуваност и лојалност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Елисеј видел огнени коли — дали ги гледаш и ти?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • „Земи си го синот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 68

Приказна 68

Две деца кои оживеале

ДА СИ УМРЕЛ, како би се чувствувала мајка ти кога би оживеал? Би била пресреќна! Но, може ли некој што умрел да живее повторно? Дали се случило такво нешто порано?

Погледни ги овде човекот, жената и детето. Човекот е пророкот Илија. Жената е една вдовица од градот Сарепта, а детето е нејзиниот син. Еден ден детето се разболело. Му станувало сѐ полошо, и на крајот умрело. Илија тогаш ѝ рекол на жената: ‚Дај ми го син ти‘.

Илија го однел мртвото дете на горниот кат и го легнал на креветот. Потоа се помолил: ‚О Јехова, оживеј го ова дете‘. И тоа почнало да диши! Тогаш Илија го однел детето долу и ѝ рекол на жената: ‚Еве, син ти е жив!‘ Ете затоа мајката е толку среќна.

Друг важен пророк на Јехова се викал Елисеј. Тој му служел на Илија како помошник. Но, подоцна Јехова го користел и Елисеј да прави чуда. Еден ден Елисеј отишол во градот Сунам каде што една жена била многу добра кон него. Подоцна оваа жена родила машко дете.

Едно утро, откако потпораснало, детето отишло кај татко си, кој работел во полето. Наеднаш почнало да вика: ‚Главата ме боли!‘ Откако го однеле дома, умрело. Мајка му била многу, многу тажна. Таа веднаш отишла и го викнала Елисеј да дојде.

Кога пристигнал, Елисеј влегол во собата кај мртвото дете. Му се помолил на Јехова и легнал врз телото. По кратко време, телото на детето се стоплило, па тоа кивнало седумпати. Колку била среќна мајка му кога дошла и видела дека детето ѝ е живо!

Досега умреле голем број луѓе. Ова многу ги растажило нивните семејства и пријателите. Ние немаме моќ да оживуваме мртви. Но Јехова има. Подоцна ќе научиме како ќе бидат оживеани многу милиони луѓе.

1. Царевите 17:8-24; 2. Царевите 4:8-37.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели