ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 78
  • Ракопис на ѕидот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ракопис на ѕидот
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Четири зборови кои го промениле светот
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Зборовите на ѕидот
    Поуки од Библијата
  • Даниел — книга дадена на суд
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Еден горделив регент ја губи империјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 78

Приказна 78

Ракопис на ѕидот

ШТО се случува овде? Луѓето имаат голема гозба. Царот на Вавилон поканил илјада важни гости. Тие ги користат златните и сребрените чаши и садови земени од Јеховиниот храм во Ерусалим. Но, наеднаш, прсти од човечка рака се појавуваат во воздухот и почнуваат да пишуваат на ѕидот. Сите се исплашени.

Во тоа време, цар бил Валтазар, внукот на Навуходоносор. Тој заповедал да ги доведат мудреците. ‚Кој ќе го прочита напишаното и ќе ми каже што значи‘, рекол царот, ‚ќе добие многу дарови и ќе биде трет владетел во царството.‘ Но, никој од мудреците не можел да го прочита напишаното на ѕидот и не можел да каже што значи.

Мајка му на царот ја слушнала вревата и дошла во големата трпезарија. ‚Те молам, не биди толку исплашен‘, му рекла таа на царот. ‚Во твоето царство има еден човек кој ги познава светите богови. Дедо ти Навуходоносор, кога беше цар, го постави над сите свои мудреци. Тој се вика Даниел. Заповедај да го викнат, и тој ќе ти каже што значи сето ова.‘

Затоа, веднаш го довеле Даниел. Откако одбил да земе каков и да е подарок, Даниел почнал да кажува зошто еднаш Јехова го отстранил од царската положба дедо му на Валтазар, Навуходоносор. ‚Тој беше многу горд‘, рекол Даниел. ‚И Јехова го казни.‘

‚Но ти‘, му рекол Даниел на Валтазар, ‚знаеше за сѐ што му се случи, и пак си горд исто како што беше Навуходоносор. Ги донесе чашите и садовите од Јеховиниот храм и пиеше од нив. Фалеше богови направени од дрво и камен, а не му оддаде чест на нашиот Голем Творец. Затоа Бог ја испратил раката да ги напише овие зборови.‘

‚Еве што е напишано‘, рекол Даниел, ‚МЕНЕ, МЕНЕ, ТЕКЕЛ и ФАРСИН.‘

‚МЕНЕ значи дека Бог ги изброил деновите на твоето царство и му ставил крај. ТЕКЕЛ значи дека си измерен на вага, и не си бил добар. ФАРСИН значи дека твоето царство им е дадено на Медијците и на Персијците.‘

Додека Даниел уште зборувал, Медијците и Персијците го нападнале Вавилон. Тие го освоиле градот и го убиле Валтазар. Ракописот на ѕидот се исполнил уште истата ноќ! Но, што се случило потоа со Израелците? Наскоро ќе го откриеме тоа, но прво да видиме што се случило со Даниел.

Даниел 5:1-31.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели