ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 84
  • Еден ангел ја посетува Марија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еден ангел ја посетува Марија
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Ангелот Гавриел дошол кај Марија
    Поуки од Библијата
  • „Еве ја Јеховината робинка!“
    Угледајте се на нивната вера
  • Оддадена му е чест пред да се роди
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • На Исус му била оддадена чест уште пред да се роди
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 84

Приказна 84

Еден ангел ја посетува Марија

ОВАА убава жена е Марија. Таа била Израелка која живеела во градот Назарет. Бог знаел дека таа била многу добра личност. Токму затоа тој го испратил својот ангел Гавриел да зборува со неа. Знаеш ли што требало да ѝ каже Гавриел на Марија? Да видиме.

‚Здраво, со милост обдарена‘, ѝ рекол Гавриел. ‚Јехова е со тебе!‘ Марија никогаш порано не го видела Гавриел. Таа се вознемирила бидејќи не знаела што сакал да ѝ каже со тие зборови. Но Гавриел веднаш ја смирил за да нема страв.

‚Не плаши се, Марија‘, ѝ рекол тој. ‚Јехова е многу задоволен со тебе. Затоа тој ќе направи за тебе нешто прекрасно. Наскоро ќе имаш бебе на кое треба да му го дадеш името Исус.‘

Гавриел ѝ објаснил: ‚Тоа дете ќе стане важно и ќе биде наречено Син на Севишниот Бог. Јехова ќе го постави за цар, како што беше Давид. Но Исус ќе биде цар засекогаш, а неговото царство ќе нема крај!‘

‚Како е можно сето тоа?‘ — прашала Марија. ‚Јас не сум ни мажена. Не сум живеела со маж, па како може да имам бебе?‘

‚Божјата сила ќе дојде врз тебе‘, ѝ одговорил Гавриел. ‚Затоа детето ќе биде наречено Божји Син.‘ Потоа ѝ рекол на Марија: ‚Помисли на својата роднина Елисавета. Луѓето велеа дека е престара за да има деца. Но, наскоро таа ќе има син. Ете гледаш, за Бог не е ништо невозможно‘.

Марија веднаш рекла: ‚Јас сум Јеховина робинка! Нека се случи со мене токму тоа што го рече‘. Тогаш ангелот си заминал.

Марија брзо отишла да ја посети Елисавета. Кога Елисавета го слушнала гласот на Марија, бебето што било во стомакот на Елисавета скокнало од радост. Елисавета се исполнила со Божји дух, па ѝ рекла на Марија: ‚Ти си посебно благословена меѓу жените‘. Марија останала кај Елисавета околу три месеци, а потоа се вратила дома во Назарет.

Марија требало да се омажи со еден човек кој се викал Јосиф. Но, кога Јосиф дознал дека Марија ќе има бебе, мислел дека не треба да се ожени со неа. Тогаш еден Божји ангел му рекол: ‚Не плаши се да ја земеш Марија за жена. Зашто, Бог е тој што ѝ даде син‘. Затоа Марија и Јосиф се венчале и чекале да се роди Исус.

Лука 1:26-56; Матеј 1:18-25.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели