ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 85
  • Исус е роден во штала

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус е роден во штала
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • „Ова е мојот син“
    Учи од Големиот Учител
  • Каде и кога се родил Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Ангели го објавиле раѓањето на Исус
    Поуки од Библијата
  • Исусовото раѓање — каде и кога?
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 85

Приказна 85

Исус е роден во штала

ЗНАЕШ ЛИ кое е ова бебенце? Да, тоа е Исус. Тој се родил во штала. Штала е место каде што се чуваат животни. Марија го легнува Исус во јаслите. Јасли се местото каде што им се става храна на кравите и на другите животни. Но, зошто Марија и Јосиф биле во штала со животните? Тоа не е место каде што треба да се роди едно бебе, нели?

Не, не е. Но, еве зошто биле таму: Владетелот на Рим, цезарот Август, издал закон според кој сите морале да се вратат во градот каде што се родиле за да се запишат во една книга. Јосиф бил роден во Витлеем, и затоа отишле таму. Но, кога тој и Марија пристигнале, никаде не можеле да најдат место за спиење. Затоа морале да дојдат во шталата кај животните. И, на истиот тој ден Марија го родила Исус! Но, како што можеш да видиш на сликата, со него било сѐ во ред.

Ги гледаш ли овчарите кои дошле да го видат Исус? Таа ноќ, тие биле надвор и ги чувале своите овци кога една сјајна светлина светнала насекаде околу нив. Тоа бил ангел! Овчарите многу се исплашиле. Но ангелот им рекол: ‚Не плашете се! За вас имам една добра вест. Денес, во Витлеем се роди Христос Господарот. Тој ќе го спаси народот! Ќе го најдете повиен како лежи во јасли‘. Наеднаш дошле многу ангели и почнале да го фалат Бог. Затоа, овчарите веднаш побрзале да го побараат Исус, и на крајот го нашле.

Знаеш ли зошто Исус е толку посебен? Знаеш ли кој е всушност тој? Се сеќаваш ли дека во првата приказна од оваа книга зборувавме за Божјиот прв Син. Овој Син работел заедно со Јехова кога тој ги правел небото и Земјата и сѐ друго. Ете, тој е Исус!

Да, Јехова го зел животот на својот Син од небото и го ставил во стомакот на Марија. Таму веднаш почнало да расте бебе исто како што другите бебиња растат во стомакот на своите мајки. Но ова бебе било Божји Син. На крајот Исус се родил во шталата во Витлеем. Можеш ли сега да сфатиш зошто ангелите биле толку среќни што можеле да им кажат на луѓето дека се родил Исус?

Лука 2:1-20.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели