ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 87
  • Малиот Исус во храмот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Малиот Исус во храмот
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Исус како дете
    Поуки од Библијата
  • Семејството на Исус на празникот во Ерусалим
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус научил да биде послушен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 87

Приказна 87

Малиот Исус во храмот

ВИДИ ГО малото момче кое разговара со овие постари мажи. Тие биле учители во Божјиот храм во Ерусалим. А момчето е Исус. Тој прилично пораснал — имал 12 години.

Учителите биле многу изненадени што Исус знаел толку многу за Бог и за работите што се запишани во Библијата. Но, зошто не биле со него и Марија и Јосиф? Каде биле тие? Ајде да дознаеме.

Секоја година, Јосиф го носел своето семејство во Ерусалим на посебниот празник наречен Пасха. Патот од Назарет до Ерусалим бил долг. Никој немал автомобил и не постоеле возови. Во тоа време немало такви работи. Повеќето луѓе оделе пеш, па им требало околу три дена за да стигнат во Ерусалим.

Во тоа време Јосиф имал големо семејство. Затоа на помалите браќа и сестри на Исус им требало поголемо внимание. Значи, таа година Јосиф и Марија тргнале со своите деца на долгиот пат до дома во Назарет. Тие мислеле дека Исус патува со другите. Но кога застанале на крајот од денот, не можеле да го најдат. Го барале меѓу роднините и пријателите, но не бил со нив! Затоа се вратиле во Ерусалим за да го побараат таму.

На крајот го нашле со учителите во храмот. Тој ги слушал и им поставувал прашања. Сите луѓе биле зачудени од тоа колку Исус бил мудар. Но Марија рекла: ‚Дете, зошто ни го направи тоа? Татко ти и јас бевме многу загрижени додека те баравме‘.

‚Зошто сте ме барале?‘ — одговорил Исус. ‚Зарем не знаевте дека мора да бидам во домот на мојот Татко?‘

Да, Исус многу сакал да биде таму каде што можел да учи за Бог. Зарем не треба да го чувствуваме истото и ние? Дома во Назарет, Исус секоја седмица одел на состаноци за да учи за Бог. Поради тоа што секогаш внимателно слушал, научил многу работи од Библијата. Да бидеме како Исус и да го следиме неговиот пример.

Лука 2:41-52; Матеј 13:53-56.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели